Кај Шапе, Крушево
Храна - 5
Услуга - 3-
Храната беше добра, се гледа дека месото е домаќински спремено, исто и полнети пиперки и сарма беше добро спремено.
Ќебапите беа специфични, никаде не сум јадел такви. Големина како бугарски, на вкус не можам да кажам дека имам јадено слично, но позитивно. Во струмица ќебапите се сосема друг вкус, до сега никој и никаде не може да ги надмаши. А во Скопје и Битола, за ќебап, нема теорија, чисто индустриско гумено месо, така да Скопје и Битола не ги ни сметам како домаќински места за ќебапи.
Услуга, келнерот беше премногу скиснат. За на крај, да чекаме на студеното, 30 мин. за турско кафе. Две од три од благата што ги имаше во менито ги немаше. Ни препорача едно благо, за кое исто се чекаше 25 мин, а благо кое сигурно не се прави на место, а треба само да се стави во чинија и да се донесе. Сето тоа се случува во неполна кафана. Салатата беше кај нас за 10 мин, а кафе турско ПОЛА СААТ, а во цела кафана само 2-3 маси полни.
Да, и другото, како топ понуда што се нуди во крушево е колбасот, а они го немаа.
Се на се, искуството позитивно, пак би повторил. Цените нормални.