Кажете во околина на Лазарополе кај да се јаде добро?
Денес ручавме во Калин, не беше лошо...
Во Маргуле во Гари не беше лоша храната (а беше ефтина). Ако прочита,
@Баги може да каже збор-два повеќе, сепак гарец е.
За Туто, стварно е вкусно ама убо вика братот - доста солено

Убав амбиент имаше пред 3-4 години кога последен пат бев таму.
Ако идете за назад во работен ден, слободно застанете во Куќата на мијаците, под Бигорски. Храната е солидна. Во саботи и недели е преполно и премногу се чека, немаат доволно голема кујна да ги реализираат нарачките.