Еве да дадам мислење и за Кратово. По препорака на локалци, наместо Кузе, го посетивме ресторанот одма спроти Кузе - Александрија или така нешто.
Пастрмајлијата 170 ден. се чека 40 мин. бидејќи според зборовите на келнерот, тестото се меси само пресно и треба двапати да кисне. Да, самото тесто и лебчето, беше многу добро. Месото беше свинско сушено, маалку беше троа повеќе соленко, ама е нормално за сушено месо. Ни рекоа дека со овчо не правеле. Но беше домаќински направена. Следен пат, ќе пробаме кај Кузе.
Оценка: 4.5 од 5