Рецепт за џамбо шарска плескавица:
Потребни производи:
• 200гр. Свинско мелено месо
• 100гр. Јунешко мелено месо
• 150гр. Кашкавал
• 3-4 парчиња тенко сечена сланина
Месо купувате од месара но барате да ви сомелат месо за плескавица (месарите знаат какво треба)
- Прв ден
Меленото месо го соединувате и го месите половина час. Додека го месите додавате само сол по желба колку сакате. Така измесено го оставате во фрижидер 24 часа.
- Втор ден
Повторно месото го месите половина час и додавате малку бибер и други зачини по желба. По потреба, во зависност од месото колку е мрсно додавате и зејтинче но ако е доволно мрсно (ако се соединува) нема потреба од зејтин. Повторно го враќате во фрижидер да стои 24 часа.
-Трет ден
Рендате 50гр кашкавал и го соединувате со смесата месејки ја смесата половина час. Од смесата правите две тенки големи плескавици. Смесата треба убаво и лесно да се развлекува без да се кине. Доколку се кине тогаш смесата е премногу "сува" и тука би помогнало зејтинче. Во едната плескавица го ставате остатокот од кашкавалот (исечен на тенки парчиња) и тенко сечената сланина, која предходно ја сецкате на мали парченца. Ја преклопувате со другата плескавица така што по краевите со стискање со прсти ги спојувате двете плескавици. Пожелно спојувањето да го правите со прозирна фолија (види слика).
-Печење:
Пред печење плескавицата се премачкува од двете страни со зејтинче. Се пече на тивка скара и бара почесто вртење.
Се надевам дека ништо не испуштив. Ако има нешто нејасно слободно прашајте.
Еве некоја слика



Добар апетит!!!