Koe e точно објаснувањето за наведените ефекти?
На пример како чашата од втората слика ја одржува пената кај темните пива?
Чашите за вај
цен пивата (со Ц се изговара, не со З?), за мене тие имаат многу пологичен облик за одржување на пената. Пошто кога ќе се подиспразни горната четвртина или повеќе, после потпивнувањето пивото како да добива вертикален ротационен момент, се „шљаска“ и од тоа се прави малку пена.
Еве баш имам комплет чаши за Ердингер вајцен од полалитарските, на сликава чинам е 0.33 чашата. Муабетот ми е дека чашите топ ми одговараат и со вајценот, ама и со темниот данкел вајцен од Ердингер.

Немам таква чаша како од втората фотографија од претходниот пост, инаку баш ќе направев блајнд тест со асистенција од жена ми. Проблем е тоа што најверојатно ќе ги препознаам чашите и со врзани очи, па тестот нема да биде објективен. Мора горниот раб од чашата да биде со ист дијаметар и стаклото да биде со иста дебелина.
Нејсе макар и плацебо да е, или традиција - ако макар прави филм дека го подобрува вкусот, вреди да се практикува. Проблем е само просторот за сместување на чашите, жена ми официјално се закани дека ќе почне да фрла чаши (најмалку 2-3 долапи во кујната ни се полни со разни чаши).
П.С. Инаку никаде не стана збор за пиење пиво од шише, наместо од чаша.
П.П.С Американските лесни пива за широка употреба воопшто не ги сметам за пива. Кога сме кај нив: Која е сличноста на американските лесни пива за широка употреба, со секс во кајче? - Факинг клоус то ватер!
