Ресторан Бигор - кога е гужва лажат дека не печат на скара отворени риби, кога не е гужва такви ги прават без проблем. Пресолени се и во двата случаи.
Сирењето последниот пат беше жолтеникаво, среќа што ништо не ми беше од него, ставаат огромни калапчиња а и убаво ги наплаќаат. Салата им нарачуваш мала ти увалуваат средна, која е огромна.
Незнам дали уште еднаш ќе им отидам.
Денес бев во Бакал - Брвеница, одличен ресторан - профи среден, супер храна - не преобилни порции со цени како појаките ресторани во Скопје. Услуга - одлична. Класа над другите ресторани надвор од Скопје од типот на етно куќи, рибници и слично.
Порција јарешко под сач (вршник) 680 денари.
Така да ако е некој (барем 3ца) за јадење под сач поефтино му е да иде до Градска Меана - Врање, која е ефтина, одлично уредена и служи одлична храна, секој ден има 2-3 јадења под сач (вршник).
Следна прилика Бела Виста - Беловиште, Тетовско.