Фудио за гиро во Скопје е ок, малце ладно беше месото али се јадеше. Ќе пројдам пак деновиве.
Тоа на Мартин не сум го јадел иако и некој друг ми го има зборено, не ме однел патот накај Хањоти последниве години, мене репер за гиро ми е
Prassas. Прошлава недела 2 дена по ред тоа ми беше ручек, вечера воопшто не ми беше потребна, гирото е огромно и вкусно. Имам слики али џабе е, не ја доловуваат големината му. Најтопло го препорачувам на секој ако може да ги најде, дека не е у центар. До него има Prasserie - за палачинки, и тие се добри.
У Пласет јадев ноќеска, ок сум али рацете уште ми мирисаат на донер :S
Во Дада бев летоска, пастрмајлијата беше добра ама услугата ужасна. Затоа за пастрмајлија го практикувам Старо Буре Лептокарија.