Чекајте малку другари
Во Кумановското Баба Цана сум бил повеќе пати, ребро на скара сум јадел, за во фурна не се сеќавам, стално ок храната и цените. Во скопската не сум бил и неможам да дадам критички осврт.
Што можам да препорачам после 3 нарачаки е ова

Пица бастион, од пица деливери Бастион - 370 денари, купони демек постојат ама уште немаат испринтано, едниот разнесувач ми дужи 30че.. АЛИ затоа пицата биквално тежи од зајре - добри сувомеснати ставаат, асален кашкавал. Бољи се за мене од Мама италијана, Пемпеле, Портофино. Уствари слободно можам да кажам дека ова е најдобрата деливери пица која ја имам јадено во Скопје.
Идемо даље:
Ресторан Скопски Мерак, Дебар маало

Јагнешко печење 7/10 - подгреано, ок али во Мрзенци е подобро

Плескавица Скопски мерак, 9/10. Топ.
Воедно топла препорака до Скопски мерак, и за храна, и за услуга, и за амбиент и за ликови кои таму гравитираат. Цените - реални. Дефинитивно за мене единствен асален ресторан во Дебар маало (Гурмет незнам каков е, Парк тица беше таман, ова е за буџовани, нит сум влегол нити ќе влезам). Фрути ди Маре незнам какви се, кога сакам морско идам во Солун.
Од кафани (не ресторани) во Дебар маало во последно време ја практикувам Дариа (екс Папу) - фер цени, убав амбиент, одлична услуга, сјајна храна и тие двајцата млади дечки што свират на гитара и хармоника се супер.
Во Илинден не сум бил од средно.
Во таа спроти Скопски мерак не сум бил, неможам да коментирам.
Антика е ок, ама порциите не им се обилни и тапа ми е внатре, ко у кутија се осеќам.
Перо стандард е ок иако цените не се ниски.
Идадија левата е супер за ќебапчиња и посен грав пред Велигден.
Наџак стандард, ок е.
Канцеларија е срање, тапа услуга. Местото ги вади.
Чардак е фино уредена, добра услуга, добра храна и подносливи цени.
Таа спроти неа е нова, не сум бил.
Во Ганза идев едно време ама не ми легна.
Во Чамо не сум бил со години, во план ми е иако по мене таму е повеќе за јадење, не се урлање.
Во оноа пивница Дуле бевме двапати, првиот пат не видов али вториот пат ни дадоа пива со поминат рок. Од мене се шкртнати.