Некое место во Маврово да препорачате?
За жал, нема ништо да те wow-не. Има 2 кафанчиња, од кои ако мораш да бираш би ја препорачал Мавровски Мерак (1км пред ски-центарот), или Гламур кај што редовно оди Карклуб кога е во Маврово. Ако се симнеш на долниот паркинг (кај стадионот) ќе го забележиш и ресторанче.
Во Маврови Анови има бурекџилница со стварно добри буреци или домашни пити, е сеа зошто имињата на сите вакви ми се исти, не можам да се сетам дали беше Два Соколи или Три Соколи или нешто сосема друго. Тоа е од прилика изборот на квалитетна храна и услуга, освен ако не се осеќаш ептен богато и одиш во Хотел Радика на ручек...
П.С. А да се прошеташ низ Маврово, да си видиш се што сакаш да видиш, и на симнување да поминеш низ Вруток во Ресторан Бигор? Од луѓе насекаде слушам пофалби така да не е само моја лична препорака, туку има и други што делат мислење.