Горки е поранешно Соул Паб, на ул. Максим Горки спроти Швајцарска амбасада.
Да, помфритот е топ и зачинот исто, иако во зачинот има многу сол, што нели, те тера на повеќе локање.
И тостот во Горки е добар. Не се лажете да порачате пиво мезе, не вреди.
Спроти Горки е Радост, кое има сладолед на точење - ванила или чоколадо и после додатоци си бираш. Цените се сосема ок - корнет 30че (без додатоци), 60 мала чашка и 3 додатоци, 80 средна со 4 дод., голема 100че со 5 дод. Иако благо и сладоледи не обожавам овој го убив пошто самиот сладолед е одличен, скоро како Икејскиот на точење.