Еве ќе се потрудам да ти одговорам.
Благо поготово летно време е овошје, на пример праска, кајсија, лубеница. Ќе изедеш пола кило-кило и ќе те наполни убаво и освежи. Пак мсни си чоколадце или палачинка, ама поретко. Еднаш-двапати месечно е многу различно од секој втор ден.
Има и благи работи без шеќер, еве NesTea почна да користи стевиа наместо шеќер во своите чаеви. Тоа е природен засладувач, а со вештачки имаш се и сешто. CocaCola Zero ми е најпрост пример.
Поентава е да намалиш многу на ѓубрето наречено шеќер, не да го исклучиш скроз. Претерано многу шеќер се јаде, и пола од ова што се јаде е претерано.
