бев прееска фамилијарно во гудис да видиме што е тоа, што нудат, цени, вкус и слично...
значи за вкусот е дискутабилно, од човек до човек, но по мој терк, а и по тоа што женами и децава го рекоа мекдоналдс беше подобар...
цени на она што нарачавме:
бејкон бургер-155 денари Х1
ројал бургер-120 денари Х1
кокакола 0,5- 60 денари Х1
сокЧЕ од јаболко вива-45 денари Х1
детски оброк со пилешко 160 денари Х2
и весела математика. типката куца таму, и ми вели 1020 денари, за 5-6 минути ке биде спремно.. ок, давам пари, НЕ ми дава фискална сметка, седнувам, отварам менито пак, со мобилен ги собирам цените излага рамно 700 денари. почекав да ме викне кога е готово и викам, дај ми фискална, (за воља на вистината фискалната беше во послужавникот со храната) ми ја дава и на нејзе ги пишува цениве истиве ама во тотал е 1020 денари... вадам мобилниот пак и викам на нејзе ај диктирај ми ставка по ставка, ги собравме и излага 700 денари, и ја врќам фискалната и изволте средете си го проблемот, чекам кусур на маса додека јадам...
инаку, некој пиша дека пристојно е јадењето во гудис за парите... не се согласувам. детскиот оброк со пилешко за 160 денари сочинува 3-4 парченца пилешко поховано месо, секое парче е точно 1 залак, ништо повеќе. помфрит обичен, нај нај нај обичен, по големина колку малиот во мекдоналдс, едно сочке од 120 милилитри и “подарок изненадување“ пенкалце-пазарско премногу пари за премалку храна.
бејкон бургерот по големина е маааалку над хамбургерот на мекдоналдс и состојките се исто тие само има плус уште едно парченце сланина...
ројал бургерот е ист ама ист по големина на хамбургерот од мекдоналдс...
хамбургерот во мекдоналдс беше 33 денари, а не 120. сега бев, пробав, видов и никад више. фала многу и пријатно. за 700 денари мнооооогу поише храна имаше во мекдоналдс. биг енд тејсти во мекдоналдс чинеше 160 денари... мене како мене, ме најадуваше тоа чудо... од ова бејкон бургеров ке треба едно 3 комада за да се најдам... утнале малку грциве со отворање на ресторант со ваква храна и тие цени... не им е ова солун а ни атина. цело време имаше некои грци лево десно, само гледаа накај гудис и пљампаа нешто...
за парите не дигнав скандал пошто ке го изедеше девојчето што работи таму, ни крива ни должна.