Некој ја спомна Рагуза пред некој ден. Само што се вратив од таму, одлична храна, одлична услуга. Малце поскапичко од други места, али сасвим оправдано.
--
Да си ја продолжам приказната..
Искачам вчера од кино, и нешто почнува да ми вергла стомак. I took that as a sign.
Пројдов поред местото со гирото (AKA Meat Heaven), гледам на затварање се. Улетујам у 90-ти минут ко Бетмен коа го спашава Робин и нарачувам гиро.
Ми викаат „Дечко, пошто си последен, може да ти го ставиме во гирото целото месо што ни остана?“
Се отворија небесата, ме покри божествена светлина.
Питата не беше замотана околу месото, колку што беше оптимистичка поддршка.
(Грациас Велештрумф за видеото од Ејс Вентура!)