ИНФО!
Немој некој да се прелаже да седне во Џино - ГТЦ! Поголема мизерија во животот мој не ми имаат сервирано!
Нарачавме две цезар салати и една пица кватро стаџоне. Пицата беше одвратна, прекисела. Но најинтерсно е што идиотите за „цезар“ салати ни донесоа по буквално 4 лифчиња марула, една лажица мајонез и четврт кесиче кубети од 10 денари. Им викам што е проблемот со салатава? Ми викаат дека се е ОК, дека можда малку посиромашна ја направиле!!!! WTF?!??? Откако ми го виде изразот на лицето, со пола уста додаде ако сакате да ви донесеме еден стек да си го делите!! Они великодушни па уште стек ќе ми донесат да си делам? А пред тоа ми донеле буквално 50 грама марула и лажица мајонез со 20 кубетчиња....
Им реков не треба благодарам, ќе одиме да јадеме на друго место. Платив, станавме и си отидовме!
Се решив дека моја нога кај тие мизерни клошари веќе не стапнува и ќе ги пљукам насекаде каде ќе ми се укаже прилика! Па така ја користам и оваа прилика!