Еве сеа баш зборев со татко ми за ова:
Млади зелени оревчиња се собираат максимум до 16ти јуни. Се ставаат во релативно проѕирен сад со 1 килограм шеќер и тоа се остава на сонце за да се топи шеќерот и да им ја извлече течноста на оревчињата.
Размерот е 52 оревчиња со 1 килограм шеќер.
Садот се чува на сонце 42 дена со секојдневно протресување за да не се стврдне шеќерот. За неколку дена ќе се претвори во водеста маса и полесно ќе оди мешањето.
Откако ќе поминат овие 42 дена, се додава 1 литар рум или препечена лозова ракија, се меша додека смесата не се соедини, и се процедува, да остане само течноста. Во течноста се додава 0.5 или 1 килограм мед, по желба. Исто се меша додека смесата не стане хомогена, и од тогаш па натаму, спремно е за конзумација.
До останатите форумџии што имаат проблем со бронхитис во есен, татко ми страда од хроничен бронхитис баш во есен и само ова го спасува. За пиење е како сирупче.