јас правев фамилијарна ОПАЉОТКА вчера, во викендица ги прибрав цело поблиско семејство. секоја година го правам тоа, по некој повод, одбирам лично кој и зашто, оваа година беше велигден, догодина ке видиме за што ке биде...
на репертоар од храна го имаше следново:
-20 пилешки увијачи
-20 свински увијачи
-20 уштипци
-20 пилешки ражњичи
-20 свински ражњичи
-10 стекови (свежи-не саламурени)
-15 МАШАЛА свински ребра
-15 кременадли
-3 кг крањска кобасица
-2 кг благ пипер, печен, лупен и во оцед со лук
-1 кг лут пипер како погоре
-5кг патлиџан
-40 млади кромитчиња
-15 млади лукчиња
-2 леба, колку за адет да има, и останаа скоро цели...
освен салатата се друго лично сум испекол и спремил... немав време за сликање, верујте. на 3 стејџа работев. 2 скари на ќумур и 1 на плин... и да кажам дека до 9 синоќа скоро се се изеде... тоа што остана денес се дојаде

за пиење не зборам, сите бе умерени и паметни во пиењето. никој не пресиса, тоа ме кеифи.