Какво месо земате за домашни бургери? Порано земав постојано baby beef мешано со некоја свинска плешка или слично мрсничко парче, а последно експериментирав со само јунешки врат кој имаше 15-20% лој без ништо друго, 3 пати мелено и средно печено на грил.
Нема потреба од мешање. Никакви свински плешки, никакви презли-мезли, јајца и слични глупости.
Јунешко, 80% месо, 20% мрсно. Нема потреба три пати мелење. Односно дури би рекол и погрешно е, на крај ќе има текстура на паштета. Еднаш мелење е сосем доволно.
МНОГУ топла скара, 3 (до 4) минути по страна.
