Да се надоврзам на разочарувањето на Дизел....кога веќе се жалиме.
Шато Сопот, заобиколете со гоооолем лак. Два пати одам, два пати сра*е!
Првиот пат пред 2год, женава нарача плескавица од гума најверојатно, пошто тоа не беше месо, ја сечеш мрда целата мека, вода тече од неа, бојата бело сива, ја вративме, донесоа иста, не знам од што ги прават ама не е тоа месо! Јас нарачав бифтек кој беше пеплосан и нож не го сечеше, едвај еден залак изедов, вториот пробав, џвакав 10 минути и го плукнав на крај.
Во неделата после шетња од Кожле до Стојанов мост(кратка и лесна рута 6км во 2 правци, препорачувам), седнавме демек зајдисонце ручече. Се нарача свинско филе во “еспањол“ сос и друго во сос од “вргањ“. Сосовите беа Шула Мина '95, или ко на свадба со грутки желатин/брашно....одвратно! Ни вргањ ни бутур. Исто така не знам како успеаа свинското филе(најкревкото) да го направат ѓон, нит се сечеше нит се џвакаше. Бонус = сите тројца прсканица имаме веќе втор ден. А и да не ги заборавам мувите, ко да седиш во штала, муви жив те јадат.
Шато Сопот? Никогаш повеќе.
Од друга страна, препорака за Вила Елена во Бродец. Одлична храна, многу фини домаќини, знаат да замараат со непотребно гласна музика ама ако им кажеш не прават проблем, ќе намалат.