Вчера бев во Гостивар, и ја посетив Буректоре на Сач. Не ми е познат дали на друго место во Македонија постои бурек печен на сач/вршник.
Дефинитивно тоа е најдобриот бурек во Македонија, ни од далеку некој да му се приближи.
И не само затоа што е печен на сач, туку заради се друго. Корите перфектни, зајрето исто добро, не мрсен. Кога ќе се најадеш се чуствуваш пријатно, а не како да се изел едно кило зејтин. Дефинитивно препорака за сите што минуваат низ Гостивар.
