Фала за одговорот, ако имам можност ќе одам да пробам.
Исто денес треба да се оди за Прилеп, Гледам секој пат кога одам да посетувам различни места за јадење. Последен пат бев во Стојче.
Ми имаат препорачано да одам Кај Кумата и Кај Балче, не сум бил, дали ќе згрешам, и некоја друга препорака во Прилеп?
Кај кумата не сум бил, викаат дека е добра скарата.
Кај Балче амурот е еден од подобрите, порачај ловечка ако јадиш мелено, ама местото е како прчварница

.
Добра скара има и во Ај по една, кај бањата.
Ако стасаш порано во Прилеп ти препорачувам телешка чорба Кај Џоки, тоа е кај бочварите, на истата уличка од шарена чешма кога одиш кон чаршијата. Досега немам пробано подобра чорба, а сум бил во Национал, Дукат, кај Бале и слично, сите на препорачано дека имаат најдобра чорба.
Ти ја препорачувам и најдобрата пекара Алекс наспроти поштата, купи геврек Алекс. Побарај им да ти дадат кечап ако јадиш. Има и многу друг избор на лиснати, зелници, пастрмајлии многу убави, крофни и сл.
Местава ти ги објаснував, за ако прашаш некој одма да те упати
Ако те интересира нешто повеќе, прашувај.