Јас ќе препорачам да Македонско Село се заобиколува во шииииирок круг и никогаш таму. Идеме таму во недела околу 13ч, горе на спрат, као чардак што е, влегуваме, не пречекува менаџерот, прашувам каде може да седнеме, ми вика имаме резервации неколку (као мене ми е гајле за тоа) ама еве повелете може тука да се сместите! А кафаната полупразна, по краевите седат баби и парови со деца, пијат чај и кафе.............и се ок дур не се појави конобарот „шеф на шефовите, газда на газдите“, иде со пијачките и у стилот на ти, ко заедно тикви да сме саделе, уште па со повисок тон „овдека е резервирано, ќе си одиш кога ќе дојдат гостите“, секундарно станување без образложение, нека е среќен што јас и пријателов (ради жена ми што беше со нас) се исконтролиравме да не го нокаутираме на лице место.
Пола свет сум го поминал по секакви локали и вакви работи само кај нас, најблизок пример во турција, конобарот нема право на глас, ако му се деси вакво нешто и обраќање вака на гостите, секундарно пред гостинот добива отказ, а гостите јадат и пијат на сметка на ресторанот.
Една од работите зошто немаме туризам, а и голем дел од локалите пропаѓаат од неписмен персонал.