кaжете предлoг местo зa јaдење вo мaврoвo или пaк гoстивaр / тетoвo зa нa врaќaње ? некoе местo сo нoрмaлми цени дa е
Пицерија Долчино - Гостивар, врв јадење од сите типови (ако нарачувате пици напоменете со свежи печурки, дифолт им е маринирани). Специјалитет им е „соленка со кечап“, и за мене (иако сум израснат во пицеријава) и ден денес е врвови. Цени багатела во споредба со Скопје.
За Маврово, „Кај тетка Вики“ во Маврови Анови за храна по домашни рецепти, на сам крај на Анови, или пак Два Сокола (исто во Маврови Анови) за вртени пити и буреци (обавезно со кисело млеко).
На 7км од Маврово имате „Кораб“ - Трница, таму јагнешкото е специјалитет, дури и јас што не обожавам јагнешко уживам.