Чисто информативно кој го интересира да си знае шо отрови јади кога купува лосос, тилапиа,панга, код и остало од фармано од супермаркет
Исто препорака одмене ако се може да се избегнуваат овие зони оти се со последици од Фукушима, нажалост кајнас 90% конзервите туна и сардина се баш од овие радиоактивни зони
FAO Zones 61,67,71,77,87, на секоја конзерва ја пиши зоната на улов.
Затоа за почеста употреба подобро е скуша, а понекогаш и ослиќ. Не само пошто овде обично ги носат од FAO 27, туку скушата не е високо во ланецот за исхрана и во тие риби нема многу акумулирани тешки метали и такви гомна. Скуша е и богата со омега 3. Ослиќ е ок, едина замерка е што не е богат со омега 3, но добар и евтин извор на протеини (секако поздрав за јадење од пилешко). Ослиќот обично е увоз од Аргентина.
Исто треба да се ОК и свежите сардини што ги носат Метро (ги има во рибарницата во Рамстор, Сити мол). Добро идат со вино. Само последниве месеци сѐ нешто ситни ги носат, накај гирици.
Инаку пред месец дена земав замрзнат лосос (наводно „див“) од Стокомак, заборавив да запишам FAO (можеби од Аљаска беше ама не се сеќавам за сигирно).
Е сега не знам да ли разбирам добро, ама FAO 27 го опфаќа и Балтичко море... Кое е најтоксично и најзагадено море во светот. Ама МЕТРО скушите наводно се FAO 27 од Британија, па ваљда нема некоја дубара.
http://www.fao.org/fishery/area/Area27/en