понеделник бил неработен ден, па си викам дај тоа да се одбележи треба...
за почеток скаравле со уштипци, бели колбаси, ражњичи...

и стекови нешто (втора тура)

секако неизбежен декор во планинска атмосвера (уз добро домашно црно и розе вино) е домашно спремена сарма... од годинешниов купус што едвај стаса, пола посна, пола мрсна, кувана нешто над 20 саати на тивок огин од котелот што го продавам, цела ноќ:
свежо смотана (исто како плавушите)

свежо излапана до пола


и некоја салата невестава што јаправеше со праз, кромид, компири и некои мирудии низ нејзе:

и жалам што немам слика од лебчето фурнаџиско...

јбг, се излапа целото...
ај на здравје...