Абе ајде....
слушај сеа ваму - телешка удина, поголемко парче, исчукано убаво како шницла, внатре ставаш морковчиња на ленти исечкани, печурки свежи, парчиња доматче... Вегета, црн пипер... роловаш и затвораш убаво. Во глинена тава мачкаш малце масленце, ставаш ролатот и полеваш со вино.... И печиш лагано...! Винце притураш по желба за омекнување и мирис...
А можело и да се вари така роловано, ама убаво истегано со конец...
И ова, заедно со печурки на плотна со кромид и бело винце лесно - ризлинг рецимо!...
Во случај ако ти е запалена скарата земаш уште цела округла погача леб, ја нарежуваш со нож од гордната страна, ја разлистуваш и ја фрлаш на жар. Откако ќе се пекни, нарендруваш сиренце, попрскуваш ким, буковска...
И ајде живели.. з`арно - з`убо!
Многу импортант: пред да почниш со манџање, обавезно послужуваш „сторени пиперки со зелка“ (принцип туршија, но во тегла... пиперки бабури се полнат со црвена зелка сецкана, морковче цескано надолжно...) абе милина.... ракија една две, па можи да се руча..
За десерт после ќе ви кажам како се праи рафаело торта!