1. Hotel Restaurant Tutto - Село Јанче, на само ~10км од манастирот. Ресторанот е преубав, атмосферата е прекрасна зошто е многу креативно уредено. Има огромна тераса доколку се погоди дента да е потопло. Терасата е поделена на 2 дела, и во секој дел има посебна фурна/скара каде се припрема јадењето, и си го гледаш додека се припрема

Моја искрена препорака, кога и да идам таму, одморен се враќам.
https://www.facebook.com/pages/Hotel-Tutto/163617967039546http://www.makedonskibiser.com.mk/hotel-tutto2. Ако се одлучите за патување преку Демир Хисар (подолгата рута), искрено го препорачувам С. Бабино и рибниот ресторан во истото. Во склоп на ресторанот има зоолошка градина, рибник, езерце и убава природа за прошетка. Јадењето исто им е топ, иако 90% од времето е гужва.
http://www.restoran-babino.com.mk/index.php/mk/2013-08-21-21-23-27http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BD%D0%BE3. Околу Мавровско Езеро, не би ти препорачал да седнеш. Живеам во Гостивар, често сум во Маврово, и воопшто не сум импресиониран од храната и понудата што ја имаат неколкуте ресторанчиња. Можете да седнете на кафе во Хотел Бистра на терасата, ако веќе сакате да прошетате низ Маврово. Чист воздух и прекрасен поглед на езерото и селото. Само немојте ладно Нескафе да нарачувате

Втора опција во Маврово е кафе Гламур, веднаш под Хотел Бистра. Тоа е редовно собиралиште на КарКлуб кога се оди во Маврово, ако се погоди таа тетката на смена ќе се дробите од смеење.

Јадењето не е wow, ама не е ни лошо.

Поздрав и убав помин.