Најпрвин, Среќна Нова година на сите!

Гледам темава сум ја отворил лани во јануари и сум пријавил дека има колата поминала 49000 км.
Денес состојбата е скоро 53000 км.

Инаку, годината заврши со глушец, а оваа започна со проблем во БСИ-то на колата.
Вчера, палам колата, се мачеше да запали и нешто титкаше, а ниедна ламбичка не светна... чудно... ОК си викам, ладно е... и си возам...
Ми се отвори прозорец... и ми стана чудно...
После пак ја палам и во излог еден приметив дека ми свети позиција кога палам...
И, веднаш му се јавив на мајсторот и ја оставив колата кај него. Спомна дека најверојатно е БСИ.
Денес ја земав колата, средена.
Куќиштето на БСИ-то било напукнато, па внатре примило влага, и на две места имало ладен лем.
Куќиштето е средено, убаво затворено, самото БСИ прелемено и тоа е се.
Сега е пак се нормално.