Да го претставам мојот нов службен другар за во наредните години: Skoda Octavia Combi 1.5 TSI DSG
Намерно ќе ја претставам приказната од сам почеток, прво зошто е Октавиа (која е прилично атрактивна на нашиве простори, а друго заради искуството во изминатите како и во следните месеци. Ќе ме извините за подолгиот текст, ама имав потреба од објаснување
Значи, кога падна договор да се порачува нова службена кола, и тоа на долгорочен наем или тн. оперативен лизинг, се пуштив во барање понуди, искуство кое би сакал да го споделам (се надевам дека нема да се нарушат правилата со спомнување на разни фирми).
Имено, ги посетив сите кои што имаат ваква понуда на пазарот, со конкретно барање за марка и модел, и се деси следново:
- Еуропкар, ми рекоа да сум отишол сам по салони да соберам понуди, па после да сме правеле пазар и договор, покрај разговорот на лице место и после испратеното писмено барање, не најдоа за сходно до ден денес да ми одговорат.
- Авис/Буџет, истотака на лице место, па по договор испратено писмено барање, до ден денес не најдоа за сходно да ми одговорат
- Херц, ми беа најхит
, одење на лице место, нема жив човек во салонот на Аутомобиле Ск кај и што се наоѓаат бидејќи истата фирма е сопственик на франшизата, се појави некој лик кој немал појма што и како, за да на крај чистачката да му се јави на телефон на одговорниот, па да ми го даде мене, за талентов да ми каже дека не работеле со други брендови и не ги интересира
Секој ден ми се потврдува мислењето дека едноставно некои фирми немаат поим од работа, а и нити па сакаат да заработат пари и нови клиенти.
- Сикст, од првиот момент на посетување на нивната канцеларија, па до состаноци со директор и одговорни луѓе, до целосна понатамошна писмена и усмена комуникација, морам да признаам дека излегоа максимално во пресрет што резултираше со добивање на договорот, со исклучок на еден момент: пролонгирање на испораката поради Порше Македонија и Порше Лизинг, наводно прв таков модел и комбинација на мотор/мењач што влегол досега во Мкд, па наводно хомологација која траеше повеќе од месец дена. Како и да е, и покрај што не е нивна кривица, Сикст ќе го кркаат од мене и ќе треба да се оправдаат.
И пред да продолжам, изборот за ТСИ падна поради изоставување од производство во последните серии на 1.6ТДИ со аутоматик.
Не ми е намерата никого да оцрнувам или фаворизирам, само да го споделам искуството, бидејќи со сите спомнати по прв пат во животот се сретнав и запознав.
И сега, колата се порача, а ја добив заменска кола дури да стигне новата и таа беше Skoda Octavia 1.6 TDI DSG.
Исклучително позитивно изненаден од колата, наједноставно објаснето без никакви „експертски“ осврти:
прво кога ја земав, не обратив воопшто внимание за кој мотор се работи, барањето беше да биде само дизел со аутоматик....после одредено време на користење мислев дека е 2.0 заради прилично солидното повлекување, за на крај да сфатам дека се работи за последната верзија на 1.6ТДИ со 120кс, одличен мотор кој многу пристојно повлекува и забрзува, но секако не е за трки. Удобност и комфор на солидно ниво. Со овој мотор, на евридеј драјвери би им бил повеќе од доволен. Друго потрошувачката е шлагот, просек од околу 5-5,5 литри од комбинирана вожња. Она што би го нашол на Октавиа (после околу 15к км поминати со неа) како мана е прво темпоматот кој е на толку глупо и не практично место ставен, да често при корегирање на брзина, знае да ти се уклучи жмигавец по грешка. И морам да го искоментирам ДСГ-то, мое видување дека дупката од некоја секунда при притискање на гаста до крај за да префрли во пониска брзина, како и глупото подрипнување на колата при тргнување поради директно префрлање во втора, без никакво подигање на обртаи или забрзување, го прави мењачот со низок квалитет во моите очи и пракса. Но како и да е, се е работа на навика, поготово што се работи за кола со која ќе морам да се дружам подолг период.
И секако еве ја привремената, Skoda Octavia 1.6TDI DSG:
За конечно да ја земам и новата, со повисоко ниво на опрема, но и за кој што мотор, првични импресии се повеќе од одлични, но секако ќе треба време за повеќе детали. Moраше да биде фрижидер бела, поради правилата на фирмата за која работам, а караван е по мој избор, опремата е избрана согласно буџетот и минимумот и максимумот на потреби
Skoda Octavia Combi 1.5TSI DSG, убедливо најпоследната серија на претпоследниот модел
Сега приметив дека следнава слика е малку заматена, ама прва прилика ќе ја сменам. Иначе да, има навигација, подобриот саунд систем и автоматска дигитална клима.
Едит: сликата сменета, а патосниците ќе идат во заборав во истиот момент кога ќе се земат теписонски.