За летната сезона се освеживме со бандажи.
Овие се ОЕМ бандажи Везув (Vesuve), кои одеа со бензинските модели на ова возило од 2001 до 2005. Се сеќавам дека кога ја купував колата беа ептен скапа доплата.
Ептен зачувани, освен добро перење, друго ништо не е потребно. Сликиве се по перењето.
Е сега, потребни се и шрафови за овие бандажи.
Убаво е да се најде ОЕМ дел, бидејќи лесно може да се најде се. Така е и со шрафовите.
Половните шрафови се продаваат по цени како да имаат 24К позлата на нив, дури и поскапо од нови.
Затоа, купени се нови:
Деновиве ќе се намонтираат гумите и ќе се стават на колата. Таман и законот ќе дозволи летни гуми