Има во темата некаде пред 2-3 години како растурав цела внатрешност да го средам парното.
Функционираше клапната за топло/ладно ОК некое време, па не затвараше убаво, се до пред некое време кога остана на топло. А иде лето...
Најдов парно од отпад. Не го сликав пред да го средам, ама беше целото кал, а пред очите го вадеа од возилото. Како да возела колата по ниви цел работен век.
Но, битно е најдено, средено, подмачкано, проверено се си функционира како што треба:
Останува психички да се подготвам за растурање цела внатрешност
И, едно прашање за стручни лица:
Радијаторчето го извадив, му пуштив млаз вода, нема проблем не е затнато, ваљда го исчистив, чиста вода излегува од него.
Стои веќе добри 5-6 часа полно со вода, суво е барут, претпоставувам дека не тече од никаде.
Умот ми го мати тоа што на долниот дел на радијаторот, но и на куќиштето под него имаше нафатено нешто како бели кристали, бигор мислам дека не беше, излезе веднаш со влажна крпа. Што може да биде тоа? Дали да го монтирам, или да го ставам она што е во моментов на колата за кое сум 100% сигурен дека не тече?