Ништо посебно не се случува со возилото. Редовно се вози наваму натаму без сериозни проблеми.
Денес посетивме мајстор случајно, и исто така случајно се најде Реното на каналот и откривме дека гумиците на баланс штрангата се за менување... Деновиве ќе се среди тоа... Во возење не се чувствува ништо, ни тропкање ни нестабилност... Но, ќе се среди.
Во меѓувреме се спремам за едно освежување на моторот.
Има 196000 км и почнува да троши малце масло.
Според книгите за возилото до литро на 1000 км било нормално.
Е, арно ама овој мотор еднаш знам дека е прегреан и тука страдаат кариките. Главата ја репарирав пред едно 15-20000 км, и направивме една модификација, т.е. на издувните вентили ставивме водилки како на усисните со дихтунзи, бидејќи во оригинал немаа дихтунзи и оттука доаѓаше потрошувачката на масло.
Со поправката, теоретски, нема од што да троши масло, и до скоро така и беше, т.е. трошеше од замена до замена околу 400-500 мл.масло на 5000 км во просек.
Сега сме на 700-800 мл. потрошувачка на масло на иста километража.
Книгите велат дека на овој мотор околу 200000 му е потребно освежување.
Планот е карики, цилиндрите се добри, летечи и лежечи лагери, главата само ќе се провери, ланецот е од пред 15000 км...
И,ако излезе уште нешто во од ќе се смени.
Со тоа нема веќе чепкање по моторот.
Полека тргнувам во набавка на квалитетни делови и да сум мирен еден подолг период. Ова возило останува кај нас.