Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54143 пати)

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #135 на: 08 Декември 2015, 17:16:29 pm »
Ако ставиш електронско палење би требало да немаш проблем со платинки.Се вртат некој шеми по интернет за таа работа со минимален број на делови кој се достапни кај нас, таква шема има на македонскиот форум за електроника.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #136 на: 08 Декември 2015, 23:13:14 pm »
Знам... имам обезбедено електронско палење од некое друго Рено.
Засега вози вака, а здравје летото, кога ќе оди моторот надвор да се освежи, најверојатно ќе се монтира електронското палење и некои други ситници што сум ги набавил и спремил за монтажа.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #137 на: 26 Декември 2015, 20:44:51 pm »
Денес променети свеќици, NGK обични :) Како за стара кола хехехе...
Но, она што е побитно е дека веднаш по Нова година ќе започнам проектот за освежување на моторот кое најверојатно ќе излезе генералка ама ајде... нека оди. Тоа значи дека започнувам сериозно, полека, зависи од финансиите, да набавувам делови, па до мај најкасно да се вади надвор моторот.
Имаше време мајсторот, па детално прегледавме некои работи, пред се е измерена компресијата, која е на границата на прифатливоста. Може да вози уште, ама на крај е...посебно на четвртиот цилиндар.
Би требало вака да оди работата:
Треба да се набави:
- летечи, лежечи лагери
- кошулици (хилзни) клипови, карики (евентуално само карики)
- комплет дихтунзи, симеринзи, такви работи, да се предихтува моторот кога ќе е веќе надвор
- комплет носачи на моторот (на неа стојат оригиналните, 25 години стари... гумата веќе сигурно ги изгубила своите својства)
- сет за репарација на карбураторот (ќе се стави оној од сликите од почетокот на темата кој стои расклопен, но со нови дизни, мембрани и сите делови, парктично старо ќе остане само куќиштето)
- корпа, ламела друк лагер, сајла... На колата се оригиналните, куплунгот е веќе тврд...
- сајла за гас... оваа на колата била скината некогаш, во делот каде се прицврстува на карбураторот, и тоа ме нервира...
- нови црева
Она што е во ред:
- главата е репарирана комплетно како што треба пред некои 20000 км
- ланец и затегач пред исто толку време
двете ставки ќе се проверат колку да сме сигурни единствено ќе се исполираат каналите :)
И, ако не пречека некое изненадување попатно, ќе се среди кога е надвор моторот.
Други работи кои ќе се завршат во меѓувреме додека е колата без мотор:
- чистење на ладникот, и замена на експанзиониот сад со оној детално средениот кој го имам, спомнат порано во темата.
- електронско палење наместо платинка
- чистење на моторниот простор и полирање
- се разбира чистење на моторот однадвор и одвнатре :)
На тој начин, возилото ќе биде спремно да служи како дејли драјвер уште неколку години, и после средено, барем во механичкиот дел,  да си ги дочека олдтајмерските денови.


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #138 на: 09 Февруари 2016, 21:42:13 pm »
Изненадувањата не престануваат! Оние изненадувања кои се поврзани со т.н мајстори кои некогаш го одржувале возилото...
Пред некој ден, случајно приметив дека меѓу педалите има влезено вода од некаде... едвај приметливо, ама има...
Одводните канали се ОК, не тече од парното, не е гнила никаде, значи мора да е од шофершајбната... која е лепена пред скоро три години, кога беше колата фарбана...
И, приказната оди вака:
Пред едно 15-16 години, фабричката шофершајбна беше напукната, и оригиналниот сопственик ја замени со нова.
Не знам зошто, оние кои ја менувале, ја ваделе шалт таблата (оттаму беше заебано парното, скршени носачите и сл., и се тоа средив пролетта), го сечеле едниот дихтунг, кој стои по целиот рам каде лежи шофершајбната, а е према внатре (најверојатно има само декоративна функција), према шофершајбната од него одат само метални запци, па го прередувале во парчиња (!???)  ја залепиле шофершајбната  ја залепиле украсната гума однадвор, а пластичниот чеп го фрлиле...
Кога ја фарбав колата, мајсторот рече дека нешто му е чудно околу шофершајбната како налегнува, ама тогаш бидејќи бев веќе шворц со фарбањето му реков само нека ја залепи :)
И се си беше ОК... до пред некој ден...
Ми текна на тој муабет и малце истражував по интернет и дознав дека цел еден дихтунг фали! Врска немав дека постои дихтунг кој ја опкружува шофершајбната, на која има канал во кој влегува украсната гума, и сето тоа на спојот има пластичен чеп...
Нарачан комплет дихтунзи сосе чеп, па ќе се намести како што пропишала фабриката.

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #139 на: 27 Мај 2016, 20:31:31 pm »
Имам делови нешто ако ти треба пиши моментално е цела кола.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #140 на: 01 Јуни 2016, 21:51:42 pm »
И, пак доаѓа време за регистрација, во понеделник.
Затоа денес колата пак темелно се провери кај мајсторот, имаше лагер на задното лево тркало кој почна да свири, истиот е променет, исто така променет е и на десната страна, летвата доби нови манжетни, расклопување и подмачкување, другото е се во ред.
Полека размислувам за нови гуми, и овој пат ќе одат во фабричката димензија 145/70 - 13 наместо 155/70-13.

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #141 на: 22 Јуни 2016, 02:10:05 am »
So motorot shto stana ?

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #142 на: 22 Јуни 2016, 21:23:06 pm »
Собирам делови, и зимата се вади и ќе се работи.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #143 на: 16 Август 2016, 21:37:51 pm »
Бидејќи ламелата не издржа до генералката, мораше да се интервенира во тој дел.
Куплунгот стана ептен тврд, и почна да фаќа ептен горе, пропратено со тресење при тргнувањето. На сето тоа, понекогаш педалот пропаѓаше, со крцкање, што значи дека тврдиот куплунг почнал да ги јаде запчаниците на педалот кои се за штелување, и понекогаш имаше проблеми при шалтањето.
Заменет е сетот корпа, ламела и друк лагер, како и сајлата за куплунгот, запчаниците за штелување на куплунгот и вилушката.
Самиот менувач е проверен и кај него е се ОК, и единствено му е променето маслото.
Шалтерот имаше малце луфта, и затоа се променети гумичките и чаурите.
Попатно, променети се и лагерите на предните тркала.
Краен резултат од ова е тивок менувач, мек куплунг и лесно и прецизно менување брзини.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #144 на: 17 Август 2016, 16:20:23 pm »
Мераклиски! Бравос!

Иначе се наоѓаат делови бе?

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #145 на: 17 Август 2016, 18:49:55 pm »
Има делови, и тоа по прифатливи цени. Се наоѓаат локално, но и често од ибеј порачувам.
Ова чудо има скоро исто подвозје со 9 и 11, и едно чудо други Реноа од тоа време. Менувачот исто... и тоа ја олеснува работата.
Моторот е ист како Рено 4 ГТЛ, ама има друга глава, специфична за него.
Цените на деловите се прифатливи за наш стандард. Ми дозволува да можам квалитетно да го одржувам. Од она што досега сум го купил, и треба да докупам за генералка, претпоставувам дека деловите ќе ми фатат околу 400 евра, значи клипови, карики, хилзни, летечи, лежечи, но и сетот куплунг кој е веќе сменет, носачите сите на мотор, сет за репарација на карбуратор и уште некои ситници околу моторот на кои сега не ми текнува.
Лимарија не сум барал...  стварно беше ептен здрава, што и беше најјака страна на возилото.
За пари баш и не ми се зборува кога е во прашање ова возило, но за да биде како што е сега, досега, од 2011 година, имам потрошено околу 2000 евра по неа.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #146 на: 16 Октомври 2016, 13:26:43 pm »
Ништо посебно, ама радува :)

Нов NOS натпис Campus, произведен во Западна Германија:



Во меѓувреме, среден е и другиот натпис позади, па изгледа вака:



А пред операцијата изгледаше вака:



Мислев да поминам се со Sonax plastic restorer,  ама имав едвај да ја поминам пластиката со натписите, така да деновиве ќе си купам, и ќе завршам со тоа што бев наумил.


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #147 на: 01 Декември 2016, 22:36:19 pm »
Зима иде...
Сменето антифриз и масло. Валео антифриз и Елф Спорти тхи масло.
Смрдеше на бензин нешто, се заглавувала помошта на саухот, па исчистен му е вентилот и сега е ОК, затвара убаво и нема мирис на бензин и чад .
Спремни сме за зимата.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #148 на: 07 Мај 2017, 22:47:23 pm »
Деновиве треба да стигнат овие:

Страто, германски 13-ки... Личат на АТС Куп, со една дупка помалце. Ќе бидат средени како Куп. Значи, полирани со црна средина, и таму кај дупките црно... Ќе видите :) Интересни ми се и од времето на колата се.
Во меѓувреме, стигнавме до 200000 км

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #149 на: 14 Мај 2017, 00:37:26 am »
Денес перење на моторот, па и на целото возило... Причина за перењето на моторот беше неисправната капачка од маслото, поточно гумичката на неа, и прскаше по моторот и беше ужас :)
Тоа е средено, па после се отстранети и последиците.
Бев вреден и ја премачкав со восок: