Ништо страшно
Не викам дека е страшно, ама душа мила.
Инаку, забележав дека на ветровито време, самиот труп на авионот е под различен агол, отколку кога времето е мирно, кога пристапува за слетување. Можеби и сум грешка.
Најстрашно искуство ми е, на полетување во Бостон, на еден 747 му пукна/исчуре едниот мотор. Изгуби малце од ритамот за искачување, внатре влезе некаков чад, се пуштија маските. Веднаш потоа слета, и нѐ префрлија во друг авион. А кармата е кучка, претходниот ден гледав на Нат. Гео. една емисија за авионски несреќи. Сменив канал заради језиво, и оп на наредниот канал еден филм со авионска несреќа.