Брзината која е важна за авионот се вика Air speed и покажува со која брзина воздухот го опструјува крилото. Ground speed GS е брзина со која авионот се движи во однос на земјата. Овие две брзини практично никогаш не се исти. Пример, ако имаме челен ветер од 20км/ч и брзиномерот во авионот ни покажува 200 км/ч, (покажува air speed), брзината на авионот во однос на земјата ќе биде 180 км/ч. Обратно, ако ветерот ни е грбен, при брзина од 200 км/ч, авионот во однос на земјата би се движел со 220 км/ч. Плус тоа air speed зависи од повеќе фактори, како температура и густина на воздух, така што со промена на висината ќе се менува и таа.
Е сеа во однос на потрошувачката, во примерот се гледа дека на идење и на враќање (да речеме дека владеат исти услови) во ист режим на лет, еднаш се движи со 180 км/ч а еднаш се движи со 220 км/ч. Затоа потрошувачката се изразува во литри на час и во случајот на SILA 450C е окулу 15 литри. (во пресметки зимам 20) А колку километри ќе поминеш за 1 час секогаш е различно, односно зависи од моменталните услови.