Ти ништо повеќе од мене не се разбираш во просек.
Како дојде до оваа констатација? Абдуктивно? Ти се бендисува таа идеја па си ја покажуваш наоколу како украс? Повторно сакаш да воспоставиш лажен баланс, слично како во темата за гмо: „филип мисли едно, јас друго, а бидејќи и двајцата подеднакво не се разбираме, и двете мислења ни се подеднакво валидни. Со иста веројатност може да биде и вака и онака“.
BTW, добро ти е она „во просек“. Просек од што?
Биди сигурен дека конкретно за авијација се разбирам поише од тебе и - не сум сигурен но верувам - од речиси сите на форумов освен од Микси. Микси е врвно обучен професионалец со повеќе децениско искуство. Сакаш да го прашаме него што мисли?
Микси, како тебе ти делува ова сценарио: „ербасот на германвингс се урнал затоа што бил стар и лошо одржуван, а компанијата тоа сака да го скрие со измислени прикаски за налудничав копилот“. Што би одговорил на тоа?