Нормално дека од компанијата нема да речат: еј абе гомнари сме ние пошто штедиме на одржување и купуваме авиони на старо, летани од баба.
Пофино е да речат: копилотот бил идиот и он го урнал авионот. Јавноста НИКОГАШ нема да ја има точната информација.
Ако сакаш да кажеш дека авионот паднал ради неисправност, а компанијата сака тоа да го скрие со измислена приказна за луд пилот имам само едно да кажам: глупости на квадрат.
Авионот не беше стар, ниту луфтханса се заебава со одржувањето на авиони. Правилата на игра на IATA оставаат многу многу малку простор авион да падне заради некаква неисправност, заради задолжителните A, B, C и D проверки. Провери колку од несреќите кои се случиле во последните шознам 10-20 години се должат на некаков катастрофик дефект на авионот. Скоро ил. Сите до една се ради човечки фактор.
Башка, авион не паѓа туку така од дефект без притоа да остави позади себе мал милион траги дека паднал ради дефект. Некаков дефект, особено таков кој може да предизвика пад на авионот, ќе бил „бродкастиран“ автоматски на мал милион начини, башка што пилотот ќе кажел у радиото „мејдеј мејдеј ни се деси ова и ова“. Башка авион кој паѓа ради дефект не паѓа во контролиран, рамномерен descent со фиксен број стапки у минута.
Со други зборови, ако паднал ради дефект, тоа ќе се знаело малтене уште пред да падне.
Сето ова погоре ти може и да не го знаеш пошто не си воздухопловен ентузијаст, експерт или професионалец, така да оваа компонента од конспиративниот резон не е толку страшна. Страшна е следната компонента, за кое што не мора да се рабираш у авиони, а е типично конспираси „збогом памети“:
Имено, што мислиш, што зборува полошо за компанијата: авион кој се урнал ради механички дефект (во кој случај авиокомпанијата може да ја обвини фирмата која ги одржава или произведувачот) или практиката да се пуштаат налудничави пилоти да управуваат со авион?! Што е поголем срам за авиокомпанијата? Што зборува повеќе лошо за нивните практики, оперативни процедури, регрутирање, менаџмент на човечки ресурси дрн дрн?
На крај, да повторам: Ако сакаш да кажеш дека авионот паднал ради неисправност, а компанијата сака тоа да го скрие со измислена приказна за луд пилот можам само најтопло и најдругарски да те советувам да не ја кажуваш таа хипотеза наоколу пошто можеш да импресионираш само морончиња, а тие што се разбираат у себе ќе ти се смеат. Немој друже!
When the flight crew does not respond to requests for entry, the door can also be unlocked by the cabin crew, by entering a two to seven-digit code (programmed by the airline) on the keypad, installed on the lateral side of the Forward Attendant Panel (FAP).
Како што веќе пишавме и како што се гледа од видеото на ербас кое го прати васил, таа команда може да се оверрајдува од внатре: доколку тој внатре
намерно неќе да пушти никој, тогаш не помага секјурити кодот: треба само да држи едно копче стиснато и џабе внесување кодови од надвор. Таа команда постои за вратата се отвори доколку двајцата пилоти се онесвестат или нешто слично.