Имам пациентка од Виена чиј што маж работи на Винскиот аеродром, некоја висока позиција за пратење на авионот од слетување, танкирање, проверки на состојбата на леталото, распоред на товар итн... Беше кај мене 3-4 дена пред инцидентов и во разговор требало да летаат од Виена на одмор на Малта да летаат, но немало директни летови. И викам добро, зар нема Рајанер па што треба преку Скопје да летате? Тогаш ми кажа на што се штедат и дека секое полетување (и слетување) со нив е коцка. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Со должна почит ама ова е далеку од вистината.
Рајанер имаат еден од најдобрите сејфти рекорд и важат за компанија со многу високи стандарди во безбедноста.
Штедење од аспект на што помалце да плаќаат аеродромски такси и мораат за 30 минути да направат излез и влез на нови патници тоа е дел од нивната стратегија што ги прави профитабилни. Но безбедноста никогаш не била под знак прашање.
Жена ми работи во авијација, сектор за safety & compliance не зборам рекла казала. Во глоабала, безбедносните стандарди на сите европски компании се многу високи и од аспект дали утре треба да летам со рајанаир, визаир или луфтханза ама тотално ич не ми менува. Разликата е нормално во услугата што ќе ја добиеш и комоција.