Автор Тема: Авијација  (Прочитано 186948 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Авијација
« Одговори #915 на: 10 Декември 2021, 21:38:10 pm »
Интересни информации, благодарам за одвоеното време.

Со четирите Сухои што е приказната? Имаме ли воопшто единица која би можела да ги користи и одржува?

Еве ја приказната за Сухоите и Ми 24-ките. Сликата е од 2019. Вака стојат од 2004 веројатно...


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Авијација
« Одговори #916 на: 10 Декември 2021, 21:48:01 pm »
Поврзано со Сух-оте,2001 лето,лежам дома,14г,почнаа стакла да се тресат,невообичаено дотогаш.
Излегвам на тераса,врвење тој авионот на 50м-100м над зградите.Имаше муабет демек тој пилотот бил од Битола,па демек се курчел,кабадаја.
Колку е вистина поим немам,али дека ме "извади од чорапи" ме извади.  ;D

п.с за жал како и во други повитални области,државата шо не ни функционира така и во оваа.А најмногу од се ме нервира и шо неможам да го прифатам е тоа дека не е до незнаење или до неможење,туку....сите знаеме зошто.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Авијација
« Одговори #917 на: 10 Декември 2021, 22:11:08 pm »
Поврзано со Сух-оте,2001 лето,лежам дома,14г,почнаа стакла да се тресат,невообичаено дотогаш.
Излегвам на тераса,врвење тој авионот на 50м-100м над зградите.Имаше муабет демек тој пилотот бил од Битола,па демек се курчел,кабадаја.
Колку е вистина поим немам,али дека ме "извади од чорапи" ме извади.  ;D

п.с за жал како и во други повитални области,државата шо не ни функционира така и во оваа.А најмногу од се ме нервира и шо неможам да го прифатам е тоа дека не е до незнаење или до неможење,туку....сите знаеме зошто.
Точен ти е муабетот комшија ми беше во зградата зад мојата Симпо. И кај мене имаше курч дека воени згради сите, еден куп генерали и воени аташиња се од мојата зграда, кој со хамери кој со јаже од хеликоптер слегуваа точно пред влез :D
 Иначе пилотот загина од пад некоја година покасно во таа несреќата кога се запалија балоните за летање ако се сеќаваш.
« Последно менување: 10 Декември 2021, 22:25:31 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Авијација
« Одговори #918 на: 10 Декември 2021, 22:25:33 pm »
Не е никакво достигнување (во политичка смисла) тоа што грчки авиони ќе патролирале по македонското небо и ќе сме биле безбедни. Па вежбава као владиниот авион губи комуникација, па ние бараме у нато да кренат авиони да го пресретнат и грциве доаѓаат да го спасат.
Мало потсетување да се знае дека на времето патролата на македонското небо го правеа наши, македонски пилоти со наши, македонски авиони. Можеби со не толку софистицирана опрема но секако со многу, многу сериозни авиони Сухои Су-25, четири на број.
А тие што вчера се сликаа пред Ф16ките и Боингот радар, се истите тие што направија сето претходно да остане во заборав а опремата да скапува на земја.
За инфо на сите овде ќе ги набројам сите воздухоплови со кои располагала Македонија од осамостојувањето до денес.

Македонско воено воздухопловство:
Su-25, 3 авиони
Su-25UB, 1 aвион (двосед)
Mi-8MT,  4 хеликоптери
Мi-17, 4 хеликоптери
Мi-24V, 10 хеликоптери
Mi-24K, 2 хеликоптери
Bell 206B-3, 4 хеликоптери
Bell UH-1H, 2 хеликоптери
Zlin 242L, 6 авиони
АN-2, 1 авион
Значи вкупно 37 воздухоплови.

Од овие се загубени во несреќи и инциденти:
Mi-8 На Попова Шапка, загина еден техничар,
Мi-8 Катлановско Блаце, сите загинаа,
Zlin 242L Во близина на Мантовско езеро, принудно слетување но прилично оштетен и отпишан. Без сериозно повредени.

Овде не се спомнати еден Zlin 143L кој што е на АЦВ но беше даден на АРМ на користење ама очигледно не се користи од страна на АРМ а богами ни од страна на АЦВ зошто чмае на Стенковец и никој не го лета, и Утва 75, 4 авиони кои беа првите авиони на Македонското воено воздухопловство од кои што еден е изгубен во несреќа а три се заменети со Злиновите и се дадени на аероклубовите. Еден од нив е сега мој.
Оперативни воздухоплови во овој момент:
Zlin 242L 5 комада
Мi-8MT 2 комада
Мi-17 2 комада (можеби да можеби не, не сум ги видел ама ај да речеме ќе веруваме)
Мi-24 2 комада
Bell 206B-3 4 комада
Значи оперативни 15 воздухоплови
Рекапитулар: 37-15-3 = 19 воздухоплови скапуваат на стенковец. Некој од нив се користат како извор за делови за овие што летаат.

Хеликоптерска единица на полиција:
Bell 206 Jet Ranger II, 1 хеликоптер
Augusta Bell 212, 1 хеликоптер
Bell 412, 1 хеликоптер,
Мi-171, 2 хеликоптера,
Mi-8MTV5, 2, хеликоптера,
Вкупно 7 воздухоплови.

Од овие во несреќи и инциденти се загубени:
Мi-171 Удри во сајли од антена во Струмица, загинаа сите 4 членови на екипажот,
Мi-8MTV5 Се преврте на аеродром на пунење гориво, без повредени но хеликоптерот отпишан.

Од овие оперативни се 4 хеликоптери. Најстарите 2, Б206 и Б212 беа неодамна ремонтирани и надградени во Шведска, и се поприлично добро направени. Јас лично бев воодушевен коа видов со каква опрема се накитени. 412ката е во моментов на сервис и за брзо време ќе им се приклучи. 

Безпилотни авиони на полиција односно АНБ:
Hermes 450, 3 авиони

Е овде приказната е жална зашто единицата е расформирана, значи веќе не постои а авионите скапуваат во еден хангар на Петровец. Политика....

Дирекција за заштита и спасување:
Air Tractor AT-802A Fire Boss, 3 авиони.
Има проблеми со функионирање на единицата уште од самото формирање. Немање кадар, немање разбирачка со раководни лица, не обезбедување навремено сервис, гориво итн. Нај битното од се е немање стратегија за развој и општо за функционирање.

Авиони на влада:
Learjet 25, 1 авион,
King Air B200, 1 авион,
Learjet 60, 1 авион

Кингерот знаеме како заврши, Лирчетот 25 скапува во еден хангар на Петровец а 60ката ја видовте вчера.

Ете тоа е жалната приказна на нашето Државно воздухопловство. Сета среќа аероклубовите односно приватните авиони грабат напред со добро темпо. За нив у друг пост.

А сега да се вратиме на темата сухои со две air to air слики

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Многу убаво напишано, со тоа што кај авијацијата, несериозноста (било одржување или начин на функционирање на екипажот) се плаќа со живот и никако да го сфатиме тоа. Во врска со полициските единици, имаат уште неколку сериозни инциденти со тоа што не е место и време на форум да се дискутираат.

Во врска со владиниот лирџет 25, мислам дека е правилна одлука да седи приземјен зошто е економски неисплатлив за да се врати во оперативна состојба.

Во врска со аероклубовите, супер е тоа што се надградуваат ама мислам дека уште немамо доволно добар стандард да изнајмиме авион и пилот и барем еднаш месечно да направиме некоја тура. Грубо 1/5 од просечна плата да се даде за лет од 1 саат мислам дека е too much. Барем тоа е мое видување и ако сум грешка, слободно поправи ме.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Авијација
« Одговори #919 на: 10 Декември 2021, 22:26:19 pm »
Поврзано со Сух-оте,2001 лето,лежам дома,14г,почнаа стакла да се тресат,невообичаено дотогаш.
Излегвам на тераса,врвење тој авионот на 50м-100м над зградите.Имаше муабет демек тој пилотот бил од Битола,па демек се курчел,кабадаја.
Колку е вистина поим немам,али дека ме "извади од чорапи" ме извади.  ;D

п.с за жал како и во други повитални области,државата шо не ни функционира така и во оваа.А најмногу од се ме нервира и шо неможам да го прифатам е тоа дека не е до незнаење или до неможење,туку....сите знаеме зошто.
Точен ти е муабетот комшија ми беше во зградата зад мојата Симпо. И кај мене имаше курч дека воени згради сите, еден куп генерали и воени аташиња се од мојата зграда, кој со хамери кој со јаже од хеликоптер слегуваа точно пред влез :D
 Иначе пилотот загина од пад некоја година покасно во таа несреќата кога се запалија балоните за летање ако се сеќаваш.


Мислам дека си грешка за пилотот

https://babambitola.mk/nikolche-trajchevski-bitolchanecot-koj-so-borbeniot-avion-suhoi-gi-potkrena-bitolchani/

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Авијација
« Одговори #920 на: 10 Декември 2021, 22:36:31 pm »
Можи сум грешка, ама јас така знам за овај зад мене во зградата дека прелетал тогаш.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Авијација
« Одговори #921 на: 10 Декември 2021, 22:51:07 pm »
Интересни информации, благодарам за одвоеното време.

Со четирите Сухои што е приказната? Имаме ли воопшто единица која би можела да ги користи и одржува?

Еве ја приказната за Сухоите и Ми 24-ките. Сликата е од 2019. Вака стојат од 2004 веројатно...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Многу тажна фотографија, фала за инфото. Ни хангар не можеле да им обезбедат сиве овие години, ни на авионите ни на хеликоптерите.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Авијација
« Одговори #922 на: 11 Декември 2021, 00:45:39 am »
Тие да можат за старо железо ќе ги продадат, да му е*ам арамиите лакоми, кој од кој понеспособен иди да "владеј".

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Авијација
« Одговори #923 на: 11 Декември 2021, 02:10:19 am »
Интересни информации, благодарам за одвоеното време.

Со четирите Сухои што е приказната? Имаме ли воопшто единица која би можела да ги користи и одржува?

Еве ја приказната за Сухоите и Ми 24-ките. Сликата е од 2019. Вака стојат од 2004 веројатно...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Многу тажна фотографија, фала за инфото. Ни хангар не можеле да им обезбедат сиве овие години, ни на авионите ни на хеликоптерите.

Пер, Тетово под планина е и пак нема вода за пиење, ти хангари за летеќи возила муабет збориш... :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Авијација
« Одговори #924 на: 11 Декември 2021, 05:00:04 am »
Дел од Злиновите имаа некои проблеми кога ги летав, не ми текнува што одамна беше.
« Последно менување: 11 Декември 2021, 05:12:46 am DarthJe5us »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1538
Одг: Авијација
« Одговори #925 на: 11 Декември 2021, 11:46:14 am »
Дел од Злиновите имаа некои проблеми кога ги летав, не ми текнува што одамна беше.
Сега што леташ?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Авијација
« Одговори #926 на: 11 Декември 2021, 11:46:53 am »
Змаеви.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Авијација
« Одговори #927 на: 11 Декември 2021, 14:38:43 pm »
Дел од Злиновите имаа некои проблеми кога ги летав, не ми текнува што одамна беше.
Сега што леташ?

Сега ништо, не успешно заврши таа авантура :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1538
Одг: Авијација
« Одговори #928 на: 11 Декември 2021, 15:12:46 pm »
Дел од Злиновите имаа некои проблеми кога ги летав, не ми текнува што одамна беше.
Сега што леташ?

Сега ништо, не успешно заврши таа авантура :D

Борче не те пушти?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Авијација
« Одговори #929 на: 11 Декември 2021, 15:36:34 pm »
Ќе ти пишам ПП. :)