Не е никакво достигнување (во политичка смисла) тоа што грчки авиони ќе патролирале по македонското небо и ќе сме биле безбедни. Па вежбава као владиниот авион губи комуникација, па ние бараме у нато да кренат авиони да го пресретнат и грциве доаѓаат да го спасат.
Мало потсетување да се знае дека на времето патролата на македонското небо го правеа наши, македонски пилоти со наши, македонски авиони. Можеби со не толку софистицирана опрема но секако со многу, многу сериозни авиони Сухои Су-25, четири на број.
А тие што вчера се сликаа пред Ф16ките и Боингот радар, се истите тие што направија сето претходно да остане во заборав а опремата да скапува на земја.
За инфо на сите овде ќе ги набројам сите воздухоплови со кои располагала Македонија од осамостојувањето до денес.
Македонско воено воздухопловство:Su-25, 3 авиони
Su-25UB, 1 aвион (двосед)
Mi-8MT, 4 хеликоптери
Мi-17, 4 хеликоптери
Мi-24V, 10 хеликоптери
Mi-24K, 2 хеликоптери
Bell 206B-3, 4 хеликоптери
Bell UH-1H, 2 хеликоптери
Zlin 242L, 6 авиони
АN-2, 1 авион
Значи вкупно 37 воздухоплови.
Од овие се загубени во несреќи и инциденти:
Mi-8 На Попова Шапка, загина еден техничар,
Мi-8 Катлановско Блаце, сите загинаа,
Zlin 242L Во близина на Мантовско езеро, принудно слетување но прилично оштетен и отпишан. Без сериозно повредени.
Овде не се спомнати еден Zlin 143L кој што е на АЦВ но беше даден на АРМ на користење ама очигледно не се користи од страна на АРМ а богами ни од страна на АЦВ зошто чмае на Стенковец и никој не го лета, и Утва 75, 4 авиони кои беа првите авиони на Македонското воено воздухопловство од кои што еден е изгубен во несреќа а три се заменети со Злиновите и се дадени на аероклубовите. Еден од нив е сега мој.
Оперативни воздухоплови во овој момент:
Zlin 242L 5 комада
Мi-8MT 2 комада
Мi-17 2 комада (можеби да можеби не, не сум ги видел ама ај да речеме ќе веруваме)
Мi-24 2 комада
Bell 206B-3 4 комада
Значи оперативни 15 воздухоплови
Рекапитулар: 37-15-3 = 19 воздухоплови скапуваат на Петровец. Некој од нив се користат како извор за делови за овие што летаат.
Хеликоптерска единица на полиција:Bell 206 Jet Ranger II, 1 хеликоптер
Augusta Bell 212, 1 хеликоптер
Bell 412, 1 хеликоптер,
Мi-171, 2 хеликоптера,
Mi-8MTV5, 2, хеликоптера,
Вкупно 7 воздухоплови.
Од овие во несреќи и инциденти се загубени:
Мi-171 Удри во сајли од антена во Струмица, загинаа сите 4 членови на екипажот,
Мi-8MTV5 Се преврте на аеродром на пунење гориво, без повредени но хеликоптерот отпишан.
Од овие оперативни се 4 хеликоптери. Најстарите 2, Б206 и Б212 беа неодамна ремонтирани и надградени во Шведска, и се поприлично добро направени. Јас лично бев воодушевен коа видов со каква опрема се накитени. 412ката е во моментов на сервис и за брзо време ќе им се приклучи.
Безпилотни авиони на полиција односно АНБ:Hermes 450, 3 авиони
Е овде приказната е жална зашто единицата е расформирана, значи веќе не постои а авионите скапуваат во еден хангар на Петровец. Политика....
Дирекција за заштита и спасување:Air Tractor AT-802A Fire Boss, 3 авиони.
Има проблеми со функионирање на единицата уште од самото формирање. Немање кадар, немање разбирачка со раководни лица, не обезбедување навремено сервис, гориво итн. Нај битното од се е немање стратегија за развој и општо за функционирање.
Авиони на влада:Learjet 25, 1 авион,
King Air B200, 1 авион,
Learjet 60, 1 авион
Кингерот знаеме како заврши, Лирчетот 25 скапува во еден хангар на Петровец а 60ката ја видовте вчера.
Ете тоа е жалната приказна на нашето Државно воздухопловство. Сета среќа аероклубовите односно приватните авиони грабат напред со добро темпо. За нив у друг пост.
А сега да се вратиме на темата сухои со две air to air слики
