Автор Тема: Авијација  (Прочитано 171655 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
пилотот му вика држи ја оваа висина, и упорно оди надолу.. Катастрофа...

Aко во таа каша на ветрови налетале на градиент тогаш ни господ бог не може да ја одржи висината. Затоа се лета по инструменти, дисциплинирано, од точка до точка (а точките се намерно смислени да се избегнуваат литици, воздушни столбови итн итн да не лупам сеа и ја...), без оглед како на пилотот визуелно му се чини времето и дали му се брза или не.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Да било пилотска грешка за кратко време би имало резултати од извештајот.


Јас 100% трвдам е направена саботажа, се штелуваат доказите и се договараат дали вистината да се каже или да се наместат пилотите!
Ејјј 10 години да истражуваат за да ја дознаат причината, реално тука нешто гадно смрди!


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Да било пилотска грешка за кратко време би имало резултати од извештајот.

Имаше. Ова е втор извештај.

Јас 100% трвдам е направена саботажа, се штелуваат доказите и се договараат дали вистината да се каже или да се наместат пилотите!

Ништо не зборува во прилог на саботажа, а се зборува во прилог на пилотска грешка.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Мислам дека Кулиќ како една од поголемите грешки ја посочи таа дека го изгасиле аутопилотот, да биле на ауто може и немало да дојде до катастрофа.

Е сега колку што читам пилотска грешка е... Посебно на копилотот пошто не бил обучен да одржува висина.. Убаво се слуша на снимката, пилотот му вика држи ја оваа висина, и упорно оди надолу.. Катастрофа...
А зошто пак овој стариов му дозволил да пилотира ако не бил обучен? Слушајки по снимкава целата работа е на него... Демек стариот не знаел кој ќе му биде koпилот и немал поима какво искуство има така па си рекол искусен е бе дечково нема гајле? :) Дали бил потфатен или не не знаеме, тоа беше претпоставка,  ама едно е сигурно звучи шарлантански и непрофесионално, и да, ова не е говорна маана да не се праиме будали :)
« Последно менување: 07 Јануари 2015, 22:03:11 pm Allexxander »

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5574
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Ako bil potfaten ke kazea.
Se pravat testovi na krvta i posthumno.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14379
  • Пудингот на шоферството
Се прават тестови ако остани нешто од телото,а знаеме дека од овие не остана ништо.Уште еднаш ќе кажам,не сум многу љубител на теории на заговор,ама и да има нешто ‘мачкано‘ дали стварно некој мисли дека тоа ќе се кажи онака на ТВ.Си кажа Омер Кулиќ шо е и како е,од овие овде текстови не најдов ниту еден тотално ист со оној кој јас го слушав на ТВ,нема врска.
Мене единствено прашање на кое барам одговор мие,‘зошто кога Сфор/Кфор го лоцираа авионот еден час после несреќата не им дозволија пристап на било кој друг,од Босанските служби,Македонските служби и сл..?‘- со образложение дека теренот е непристапен,а другиот ден кој стигна шо стигна беше на местото на несреќата,на снимките не видов само Хонда С2000 со коиовери,спуштена патос...
Онака ме интересира...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Мене единствено прашање на кое барам одговор мие,‘зошто кога Сфор/Кфор го лоцираа авионот еден час после несреќата не им дозволија пристап на било кој друг,од Босанските служби,Македонските служби и сл..?‘-

Затоа што теренот на кој што паднал авионот бил под јурисдикција на сфор. Не на босна, не на македонија.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14379
  • Пудингот на шоферството
И тоа дека е под нивна јурисдикција има дава право,да не пружат помош,да не пуштаат никого?Незнам ни дали е така,а и ако е мислам дека има некои процедури,надвор од нормалните,пошо не се работи за Менде со Цесната и за Филип со падобранот... ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
И тоа дека е под нивна јурисдикција има дава право,да не пружат помош,да не пуштаат никого?

Апсолутно.

И повеќе од тоа: сфоровците на терен биле должни никого да не пуштат додека они не си ја завршат сфоровската работа според сфоровските процедури.

Замисли се учука авион на тумбекафе и дојде некој си истражен орган од зимбабве, сака да чепка таму и да истражува. Не може. Прво мвр да си заврши работа, па после ќе видиме. Па макар и авионот бил зимбабвеански. Тоа е јурисдикција.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14379
  • Пудингот на шоферството
Така де така(ако воопшто е така),но овие викаат незнаеме кај е цели 25часа,а еден час после несреќата се веќе на местото на несреќата.Можат да прават и заедничка истрага...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Истраги...истраги, измислување лажги, мачкање очи со секакви приказни дури и „разговори“ со пилотите а вистината е толку многу далеку. Вие уште и дискутирате на темава. :( жално

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Не бе, ова само чисто лаичко анализирање на аудиото. Барем од моја страна.

А што се однесува до искуството на пилотите, не секогаш годините искуство те прават про возач или пилот. Колку муабети сум се изнаслушал од постари шофери од типот - "Абе јас 40 години кола возам, кај се не сум бил, немој ти мене ... ", а во живот не би дозволил да ме возат ! Паничари, кога возат како со мечка да се борат и ред други работи.

Дури сме на муабетот за искуството : Крос-Ер флајт 3597. Ако имате време изгледајте ја внимателно. Нема да ви откривам детали да ви е поинтересно, ке најдете доста сличности со случајов кој го коментираме, и годините искуство на пилотите.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6666
Оваа е подобра епизода. Во оваа епизода можеше да заврши со авионска несреќа баш заради ПИЛОТСКА ГРЕШКА. Им течеше керозин од едниот резервоар, а пилотот мислеше дека компјутерот е расипан затоа што покажуваше дека во едниот резервоар фали керозин и тоа го занемаруваше цело време, викаше остај го, ке продолжиме да летаме, гарант грешка е, па од едниот резервоар префрлија гориво во другиот и на крај останаа без гориво и едвај се дотуркаа до едни острови кај Шпанија.
Да, ке се утврди дека потоа дефектот настанал при сервисирањето, ама уште над американско тло кога беа им се појави дефектот и пилотот го занемаруваше и над сред Атлански океан останаа без гориво.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
^^^ е ова е гадно... стварно гадно изгледа. ама па и пилот експерт, одлично си ја заврши работата. ова е нешто слично на тоа што го доживеав во амстердам... 3 пати слетуваше, таман да пипне пистата, ке се искриви целиот на страна и ке полета... на вториот пат веќе почнаа да пиштат жени и деца... од 4-ти пат успеа да слета, и сите во авионот да урлаат од среќа. имаше такви и што го љубеа асвалтот кога се симнаа... силни бочни ветрови беа во прашање... а инаку бев и во авионот на малезија ерлајнс што му се откачија капаците од десниот мотор. одпосле се појавија слики од него по нетов, ама без никакви проблеми и последици си пројде се... само наместо 8 саати, летот траеше скоро 10.

што се тиче кингерот на прецедателот покоен. ке кажам само едно... нај лесно е да обвиниш мртов човек. многу неодговорени прашања останаа, дел од нив и погоре некој веке ги пиша. побарајте по нетов слики и видео клипови од удесот, и ако употребите малку логика и сами ке ви се појават прашањата кои ке ги видите како нелогични.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Истраги...истраги, измислување лажги, мачкање очи со секакви приказни дури и „разговори“ со пилотите а вистината е толку многу далеку.

A која е вистината џонтра?