Автор Тема: Картерска компресија- помош  (Прочитано 11594 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #30 на: 29 Декември 2014, 20:48:04 pm »
Ништо страшно според мене.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #31 на: 29 Декември 2014, 21:36:10 pm »
Тоа Liqui moly со MO2S адитив масло треба да ти ја намали потрошувачката на масло ......не те разбрав сега ли повеќе масло  ти троши или со Castrol ot кога си го ставал ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #32 на: 30 Декември 2014, 00:06:54 am »
па околу 300 грама на 1000км, а можи дека го сменив, пред тоа  му ставав кастрол магнетик 10-40 сега ликвид моли со некој додаток, црно е фабрички, така некоја графит боја има...

богами, тоа не е малку. за 10.000 километри ти дотураш околу 3,5 литри? практично цело време го обновуваш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #33 на: 30 Декември 2014, 01:28:39 am »
И немаш потреба да го менуваш. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #34 на: 30 Декември 2014, 01:35:10 am »
богами, тоа не е малку. за 10.000 километри ти дотураш околу 3,5 литри? практично цело време го обновуваш...

А кај мене што на месец ипол до два месеци му дотураме по литар-литар ипол уље ? На годишно ниво 6-8 литри уље му дотураме, а моторот собира 2.8 л уље. :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #35 на: 30 Декември 2014, 01:45:07 am »
и тоа според тебе е ок? и не кажувај на временски интервал, туку на пројдени км се кажува.. се што е врзано со колите (ок скоро се нека биде) е тесно поврзано со пројдени километри...

ако тие 6-8 литри го турате на пројдени 60-80.000 км тогаш ке ти кажам  тоа е ок, зашто излага 100 грама на 1.000 км... ама ако е на 6-8.000 км (или помалце) дефинитивно не е ок... зашто е литро па и повеке на 1.000 км пројдени...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #36 на: 30 Декември 2014, 01:52:50 am »
На 8000-10 000 км се тие 6-8 литри уље и дефинитивно не е ок ако ме прашуваш мене.

Сум дискутирал неколку пати со таткоми пошто по струка е механичар, во АСУЦ има завршено и за него било ОК возилото да троши до 1 литар уље на 1000 км, а тоа испагало 100 грама на 100 км и било прифатливо, особено за мотори од старата генерација на возила, во кое и нашиот мотор спагал. И јас му посочив дека моторот собира едвај 3 литри уље, и тоа уље треба да речеме 10 000 км да се вози или 1 година да речеме. Во тој интервал ние дотураме уље за наредни 3 промени што не е секако ок и откако ова му го посочив последниот пат кога сме дискутирале на тема дотурање уље во мотор, закуте.

Додуша кај мене е комбинирано, троши уље+тече, така да неможам да утврдам точно колку тече, а колку го троши.

И уште да ти кажам каков микс на уље има, претходно незнам што уље имаше дотурено, ама задново уље е САЕ 30-ка :D И затоа преку зима цело време имам како мајонез на шипката за уље од разноразни уљина што ги става таткоми во него.

Последен едит: Доста често чале знае и од работа од службените коли што им ставаат уље да си земе, па така да затоа е прифатливо за него 1 литар уље на 1000 км. :D
« Последно менување: 30 Декември 2014, 01:58:03 am FiLo »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #37 на: 30 Декември 2014, 02:00:35 am »
пробај со некој адитив да го намалиш трошењето... dr. spec од К2 по бензиснкиве побарај, ке го преполови трошењето на масло... ако не и повеке... е сега, нема баш да го запре и течењето... ама дефинитивно ке исчезне мајонезот од шипката...
пж

п.с. ја утнал стариот твој во пресметките... 1 литар на 10.000 е прифатливо...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #38 на: 30 Декември 2014, 02:02:56 am »
Ништо не му е веке се навикна болидов, ако почнеме да го одржаваме подобро ке кашла. :D Филтер за уље 5 години не е променет. :) Не верувам дека е сменет затоа што јас последен пат од другар за 120 денари купив филтер пред 3 години и уште стои во подрум, така да не верувам дека во мегувреме е сменет филтерот, а притоа нов да стои цело време во подрум.

п.с. ја утнал стариот твој во пресметките... 1 литар на 10.000 е прифатливо...

Побрзо ке дојде крајот на светот него чале да признае дека 1 литар уље на 1000 км е премногу да троши еден мотор.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #39 на: 30 Декември 2014, 02:04:41 am »
имаш срека што на плин го возите... да беше на бензин, одамна ке му направевте ремонт. при такв губење и трошење на масло, до сега ке зарибаше.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #40 на: 30 Декември 2014, 02:06:51 am »
^^
Богами, на бензин кога ке го префрлам и се забележува по малку плавкаст чад. На нагла туража фрла по некој облак плав чад.
На плин нема ништо, не забележувам плав чад на туража.
Иначе доста е возен и со многу малку уље. Значи шипката нели има максимум и минимум. Е под минимумот нели шипката е уште малце подолга. Епа скрос доле на шипката кога ке сум проверувал било нивото на уљето и во такви ситуации во вожња сијаличката за уље ке затрепка 2-3 пати, па по 10-15 минути пак ке затрепка.

Едит: Ја имам извадено неколку пати шипката за уље и полна туража, не прска уље и не чади преку неа.
« Последно менување: 30 Декември 2014, 02:13:05 am FiLo »

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #41 на: 30 Декември 2014, 13:40:18 pm »
 1 литар уље на 1000 км е многу, е сега пошто викаш не знаеш колку ти троши, бидејќи и ти капе или тече, некој од членовите погоре спомна за адитив, се разбира адитив за моторно масло. Е сега за тоа што ти тече или капе, има еден адитив од ЛМ се вика öl-Verlust STOP, го имам пробано уште пред три години и навистина помага,се намли капењето за повеќе од 90%, и после тоа го ставав на секое второ мењавање на масло, овој адитив колку што можев да сватам спречува капење од семеринзите односно ги обновувало сите гумени делови во моторот, односно семеринзите. Е сега има уште една ефтина работа незнам од кој производител е ама демек е руско и многу помагало за проблеми како твојот нешто слично е на мо2с со некој си сребрени честички во него и ги потполнува истрошените делови на моторот.
Моја препорака е да го испуштиш старото уље, да си смениш уљен филтер, да си ставис уље 20-50 некое поквалитетно што не би надминало 200 денари по литар, да си ставиш адитив од лм што не е поскам од 350 денари, и да пробаш да си ставиш од тоа руското со го викам јас кое е 400 денари

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #42 на: 30 Декември 2014, 14:06:20 pm »
Не му одговара тоаа уље за зимово.


Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #43 на: 30 Декември 2014, 14:55:01 pm »
Знам дека и баш не одговара но за оваа ситуција само тоа мислам дека ке биде спас, е сега не разбрав за што кола односно мотор се работи, според тоа што рече дека собира 3 литра уље најверојатно е голф 1.3 (нели веќе знам дека е голф), значи спрема тоа што он го користи сае30 мислам дека 20*50 подобро ке си ја брка работата, зошто имам тестирано сае 30 и 20*50 на минуис 10 сае 30 мрзне се згрудчува додека 20*50 е сеуште во течна првобитна состојба, е сега зимно време кога ке ја пали нека поработи 2-3 минути во место и ќе нема гајле 100%, би имало проблем кога моторот е со турбина.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Картерска компресија- помош
« Одговори #44 на: 30 Декември 2014, 15:18:28 pm »
Се работи за опел кадет мотор 1.0 од 69-та година и досега се што преживеал, да има уста да збори, незнам од што попрво ке почне да се жали.

И моментално во него нема чисто лубекс сае 30-ка, туку микс од уље, претходно господ знае што ставил таткоми. Значи во него таткоми дотура уље кое ке му дојде при рака. Ако начека од работа синтетичко 5-30, такво ке му стави, па нареден пат ке му стави лубекс 10-40, па понекогаш она Нисотек од Нас Гас 20-50, па еве сеа сае 30-ка.

И ја веке 2 години не му се замарам и не сум му дотурал лично уље, ја сум кренал раце, само пали вози сум, останатото е на стариот, што ке направи со него тоа. За него било супер и прифатливо, така требало, стар бил моторот. Ок така нека биде.

Досега уназад преку 5 години не видел едно исто уље, туку комбинации, турлитави, така да досега преживеал, ке преживее и во иднина. :D