Од лично искуство може да препорачам индукциска и од безбедносни и од енерегетско/ефикасни причини.
Од безбедносен аспект, нема отворен оган, нема жешка плотна по тргањето на садот од плотната. Вруќа е, ама не е жешка, нема шанси да се опечеш или изгориш.
Од енергетски аспект, самиот сад е грејно тело, нема посреден трансфер на енергија од грејач на сад, па загубите се минимални. Брзината на реакција е невидена, да речеме помалку од 1 минута е потребно за да се загрее големо ѓезве за кафе, доста побрзо од плин, и побрзо од микробранова.
На интернет имате споредби помеѓу класични, плински и индукциски плотни, може да пребарате по youtube. Енергетски сум сигурен дека е поефикасна индукциската од плинска плотна, но не сум сигурен за ценовната ефикасност. Сепак, никогаш не би ја сменил индукциската за плинска или недајбоже керамичка или класична плотна.