Читам предходно сте коментирале за кафемати и кафиња. Купив вчера phillips ep1224/00 го начекав на некој попуст во сетек..
пошто сум тапа за овие работи, какво кафе би било најдобро да купам, гледам нешто темно мрсно посно
арабика робуста ? Тоа мелницата има опција од 1 до 12, на кое е најдобро да се штелува?
Мелницата подесувај ја додека работи т.е. додека меле .
Од мое искуство , кај мене на 2 е подесено и супер кафе вади .
А за кафиња ... иди у Ист гејт ,во е-Хорека , 100 видови на кафиња имаат . Јас Хаусбрандт Венеција,Лаваца дОро , Лаваца крема, користам , и супер се , али за вкусови нема расправање .
Битен момент , чисти ја почесто (барем еднаш месечно) внатрешната единица , и подмачкувај ги каналите со маста која иде во пакувањето .
Плус , од време на време , прави и декалцификација со средство (имаш оригинал филипс а имаш и поефтини течности во ДМ).Само види како се активира кај тебе таа опција .
Исто така , имаш и капсули за чистење на маснотиите од кафето .Тие ги има само во Електровизија кои се овластени сервисери . И за чистењето на маснотиите од кафе види како се активира на твојот апарат .
Имаш на јутуб видеа за "активностиве" погоре .