Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 436006 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2505 на: 14 Октомври 2024, 17:33:03 pm »
Дечки дали имаме некој мајстор на форумов што се разбира од бољери или некој познаник па да препорачате. Се работи за бољер леов, не уклучува да грее, ни сијаличката не свети. Е сеа јас мислам дека е термостат ама уште не сум бил да видам, во другата куќа е кај мајка ми. Здравје утре ќе одам, па ако не успеам сам да откријам што му е, добро би било да имам бекап опција. Ако имате бројче од некој асален слободно пишете. Куќата се наоѓа во Долно Лисиче.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2506 на: 14 Октомври 2024, 17:34:23 pm »
2012 на акција во нептун беа Беко машина и сушара 30000 денари.
Сушарата до сеа 2 пати дефект контезатор по 1200 денари (и летно време се сушат алишта на нејзе)
Машината само бравата 300 денари...


Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk



Од каде ја набави бравата за машината?

Кај мене на Беко машината за перење почнува да откажува соработка при отворање и мака мачиме додека се отвори. Ќе треба и јас да го менувам делот сигурно.
Бравата од сервис балша ја земав, ама ја имаш во сервис македонија некој си 200-300 денари е и е лесна за монтажа
Ја вадиш гумата и обрачот околу нејзе двата штрафа на бравата и тоа е...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 322
  • The best or nothing.
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2507 на: 14 Октомври 2024, 18:54:03 pm »
@Zile прво провери дали доаѓа струја до него. Ако има, извади го термостатот, и врзи ги жиците директно на греачот.
Може и греачот и сијаличката да ти е рикната. Некој спој ако го фатило.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2508 на: 14 Октомври 2024, 21:19:24 pm »
мислење за машина за перење, ЛГ или Самсунг кој од овие 2 модели, дали вреди да се даде 9500ден плус за ЛГ. Самсунгот на Ананас со ваучер доаѓа 21к, ЛГ 30.5к во Нептун.
И двете се по 5год гаранција.

https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_PERENE1/LG-F2WR509SBW

https://www.neptun.mk/categories/bela_tehnika/MASINI_ZA_PERENE/MASINI_ZA_PERENE1/LG-F4WR509SWW

Оваа ја пазарив денес, 1400рпм центрифуга има вс твојата 1200, другото мање-више исто. Ќе ти кажам за месец дена дали ја бива :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2509 на: 14 Октомври 2024, 21:20:14 pm »
Знам како да го проверам, само може да се деси да не отидам утре поради обврски па да не ја оставам мајка ми на цедило, затоа и побарав бројче од некој мајстор. Секако фала ти за советот.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2317
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2510 на: 31 Октомври 2024, 19:07:36 pm »
Ако памти некој, дали би имало „Црн петко“ во Техноамркет на крај на ноември. Вчера бев да гледам сушари, бендисав Електролукс, вчера беше 28.000 денари, денеска е 33.000 денари, имале некоја акција до вчера, нити ми спомна тој, ниту сум обратил внимание. Не е мала разлика, не знам дали да почекам до крај на месец. Втора опција ми е Хотпоинт Аристон, ама би почекал ако знам дека ќе има попуст на крај на месец.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1872
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2511 на: 31 Октомври 2024, 19:21:08 pm »
Погледни во нептун има доста попусти на машини за сушење( ке земам за право да кажам аздисаност ако треба невестите и ке дуват на уста ке сушат алишта и на смедеревец ке редат ке сушат на шпорет ) домаќини не попуштајте еј стегнете тоа каишот утре од машина ке се бара и готвачка да готви... берете памет да не биде после.. демек мајки нивни имале сушари море морее ..

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6360
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2512 на: 31 Октомври 2024, 19:36:10 pm »
Имам заприметено за црн петок даваат попуст на некои безвеза производи, најефтини, стари модели и слично или добар попуст за некој производ од 50-100к нагоре. Се измеѓу е со регуларна цена.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10940
  • 430i
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2513 на: 04 Ноември 2024, 10:53:07 am »
лани за црн петко во Нептун имаше саглам попусти на ЛГ/Сони/Самсунг телевизори, прахосмукалки итн.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #2514 на: 05 Ноември 2024, 11:50:15 am »
Ако памти некој, дали би имало „Црн петко“ во Техноамркет на крај на ноември. Вчера бев да гледам сушари, бендисав Електролукс, вчера беше 28.000 денари, денеска е 33.000 денари, имале некоја акција до вчера, нити ми спомна тој, ниту сум обратил внимание. Не е мала разлика, не знам дали да почекам до крај на месец. Втора опција ми е Хотпоинт Аристон, ама би почекал ако знам дека ќе има попуст на крај на месец.

Често ги ставаат едни исти модели на попуст. Почекај.