@smole фала ти, да се враќа за станот ако се нема досега вратено. Веќе 9та година сум под кирија, ништо чудно досега да имам отплатено една гарсоњера.
Знам дека не беше моја работа да го правам сето тоа, но ако го оставев на мајсторот, тој рече дека сакал да ја остави така гумицата што се заглавила и да го остави стариот сигурносен вентил (што не ни фунционираше). Тоа е се што треба да знаете за мајстори, ако ги оставите без надзор.
Да се стабилизирам со односот приходи/расходи па дефинитивно ќе размислувам за таков поголем залак. Знам дека има соодветна тема за станови, па таму совреме ќе си пишам.
Инаку
@Leonid посакував и јас да го сменам тој вентил,
ако постоеше воопшто. Не знам како и зошто има само еден вентил, па и тој не чинеше пред менување.