Добро перат ама лошо сушат, и кај двете беше така. Многу беа туткани алиштата и многу повеќе време им требаше да се исушат одколку на одделнава која што е кондезациона. А кога ќе ги исушеа алиштата, од што толку мн време им требаше да се исушат беа претуткани па мораше апсолутно се да се пегла. Инаку на првата(Whirpool) и се расипа електрониката/програматорот по 6-7 години користење и да се најде ист беше повеќе од 1/2 од вредноста на машината и земавме нова ама Самсунг овој пат. Таа беше исто така добра за перење но за сушење не беше тоа тоа и ретко ја користевме.
Таа сеуште не е расипана но ние се преселивме па таа си остана во старото живеалиште. Неќна бев ја пробав дали работи зошто станот почнав да го издавам под кирија, и по 6 години некористење си почна да пере најнормално.
Последниве 6 години користиме LG Direct Drive за перење и Beko кондезациона за сушење и мн мн мн мн сме позадоволни. Цело време и секојдневно се користи, речиси и да не спружираме алишта на тераса.