Сушариве ги гледам најобичниве се околу 12-13 000денари. Гледам Беко некоја со топлинска пумпа 21-22 000денари. Потрошувачката на хартија е дупло помала, дали вреди да се инвестира во сушара со топлинска пумпа? Од друга страна ме плашат сензори, електроники пренатрупани...
Јас имам Candy GVS D913A2-S и има 3 или 4 програми со сензор, уште 7 други, 100% од времето се користи таа на рачно подесување за време и тип на сушење (нежно или јако)
Сушарите со топлотна пумпа им треба повеќе време да исушат од тие со греач, но затоа и помалку ги "горат" и алиштата и сметките за струја. Максималното време е секако 3 часа без разлима со нежно или јако. Ти сам подесуваш, од 30 мин до 3 часа со 15/30 мин интервал на промена. Јака програма е за пешкири зошто знае други раб да смали.
Имав низ темава некаде дадено совети што како треба да се внимава при купување на сушара.
Од тоа што ми текнува е да има би-ротационен барабан.
Инаку, ја би препорачал по можност 9 кг да гледате ако сакате да не ги делите на 2 пати алиштата од машина за перење. Зошто кога се мокри тежат повеќе.
Околу мојата, јас сум генерално задоволен освен тоа што од резервоарот за вода знае да прокапе некоја капка доле кај сунѓерот. Не е тоа никаков проблем ама сакајќи италијаните да направат трансарентна врата-резервоар за вода, пластиката не е баш добро споена.
Другото е се ок.
Инаку сите сушари се бучни, не се препорачува за ставање на место каде што ќе се седи. Така да или тоалет или подрум