Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 641642 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45243
  • Il Moderatore
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1005 на: 28 Февруари 2019, 08:10:08 am »
Земи си комбинирана струја плин. Нема подобра и побрза работа од плин.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk



Индукциска е брза колку плин и без отворен пламен и без тегнење боци.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6712
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1006 на: 28 Февруари 2019, 08:16:10 am »
Живеев 5 години во стан со плин и сега во друг стан со индукциска. За готвење во секое време плинот е 100 пати подобар, особено кога треба да намалиш топлина наеднаш при готвење, кога готвиш со вок тава итн....имаш многу подобра контрола на топлина.


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1007 на: 28 Февруари 2019, 08:35:51 am »
Индукциската не намалува одма температура?

хахахахаха

Какви смешки.

Сигурен си дека индукциска било тоа?
Цел живот сум со плин и последниве 3-4 год сум на индукциска. Се што го има плинот само без тегнење на боци и без паника дека оган гори. Како што посочи Симо.

Еве видео на зовривање на вода на индукциска.


Таму после 7:00 мин откако ќе зоврие водата почнува да ја намалува температурата. Види како одма намалува вриењето. Бонус - има и ласерски мерач на темп.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45243
  • Il Moderatore
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1008 на: 28 Февруари 2019, 08:42:03 am »
Не се согласувам со контролата и со наеднаш намалувањето на температура. За котлиња и вок тави, да прифаќам, ама јас може да живеам без нив. Можам и со видео да демонстрирам дека индукциската има сосема добри контроли на температурата (кај мене се 9 или 9+ boost, зависно од ринглата), Ѓезве вода за кафе од 200мл се загрева за околу минута, а можноста некој да се повреди и изгори, и да се запали некоја крпа околу, е сведена на нула. Јас не би никад плин уместо индукциска.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6712
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1009 на: 28 Февруари 2019, 10:51:05 am »
Индукциската не намалува одма температура?

хахахахаха

Какви смешки.

Сигурен си дека индукциска било тоа?
Цел живот сум со плин и последниве 3-4 год сум на индукциска. Се што го има плинот само без тегнење на боци и без паника дека оган гори. Како што посочи Симо.

Еве видео на зовривање на вода на индукциска.


Таму после 7:00 мин откако ќе зоврие водата почнува да ја намалува температурата. Види како одма намалува вриењето. Бонус - има и ласерски мерач на темп.
Ох мори мајко. Прво кога зборам за плин зборам за вградена гасификација во стан, значи не се ебавам со боци и глупости. И моментот кога плаќав 1 евро месечно (о.к некогаш 1ипол) за готвење на плин ми беше комедија.

Нормално дека намалува вриењето ама ај стави рака и на исклучено. Да не е топличко? На плин намалуваш/гасиш и немаш извор на топлина. За некои начини на готвење плинот е супериорен а за останати е исто толку добар како индукциска. Значи за мене најголемиот проблем е ако го ставиш на 9ка тоа после одредена температура пак се гаси, па пак се пали, па пак се гаси. А за вок ти треба констатно многу висока температура и одма вокот при готвење на гасење и палење. Инаку во врска со која постигнува температура мислам дека нема разлика но тоа не е поентатата.


И јас живеам сега без вок и се живее ама е заебано :).
« Последно менување: 28 Февруари 2019, 11:03:57 am vlatko.klp »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1010 на: 28 Февруари 2019, 11:01:31 am »
Гледај да ги приспособиш советите за во Македонија.
Не за во белиот свет.

Така да ќе дојдиш до маката со плин.

Иначе да, вокот е малку зезнат за користење. Ама тоа кратките интервали на не греење не прават проблем во готвењето. Истестирано е тоа до максимум. :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6712
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1011 на: 28 Февруари 2019, 11:02:52 am »
Нормално, со плинска боца во кујна ни под разно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1012 на: 28 Февруари 2019, 11:04:54 am »
Јас немам искуство со индукциски плотни, па нема да коментирам, ама ова...

Нормално, со плинска боца во кујна ни под разно.

.. е глупост.

Да, има заебанции со плинските боци, ама тоа е процедура што се прави поретко од еднаш месечно. Ништо друго.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6712
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1013 на: 28 Февруари 2019, 11:05:41 am »
За мене ти што напиша е исто глупост. Јебига, не мора да се согласиме за све.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1014 на: 28 Февруари 2019, 11:07:13 am »
Фер инаф. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1015 на: 28 Февруари 2019, 11:10:20 am »
Јас немам искуство со индукциски плотни, па нема да коментирам, ама ова...

Нормално, со плинска боца во кујна ни под разно.

.. е глупост.

Да, има заебанции со плинските боци, ама тоа е процедура што се прави поретко од еднаш месечно. Ништо друго.

Еднаш месечно е и процедурата трае 15 мин.
Вадиш, боцата. Одиш, полниш. Ставаш пак назад.
Во подобра организација имаш 2 боци. Една е стално полна.
Ама пак треба да ги мислиш кај да ги ставиш 2те боци во 53м2 стан, кој притоа и тебе не те бери.

И најако е од се е тоа што ќе ти снема плин за ручек во недела.

Ќе фатам и ќе фрлам и боци и се.

Башка кога ќе дојди тема на одржување.
Расклопувај тоа расплиначите. На четкај ги, па е*вај ги.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20897
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1016 на: 28 Февруари 2019, 11:13:38 am »
Јас немам искуство со индукциски плотни, па нема да коментирам, ама ова...

Нормално, со плинска боца во кујна ни под разно.

.. е глупост.

Да, има заебанции со плинските боци, ама тоа е процедура што се прави поретко од еднаш месечно. Ништо друго.

Еднаш месечно е и процедурата трае 15 мин.
Вадиш, боцата. Одиш, полниш. Ставаш пак назад.
Во подобра организација имаш 2 боци. Една е стално полна.
Ама пак треба да ги мислиш кај да ги ставиш 2те боци во 53м2 стан, кој притоа и тебе не те бери.

И најако е од се е тоа што ќе ти снема плин за ручек во недела.

Ќе фатам и ќе фрлам и боци и се.

Башка кога ќе дојди тема на одржување.
Расклопувај тоа расплиначите. На четкај ги, па е*вај ги.

Е ова е најголемиот зајеб. Ми се десило у поише наврати :-\

Секнувањето у најлош момент ни се деси и лани, кога бевме на зимовање со моторхоумови. Секна плинот у 3 саат навечер на -12, а греењето во возилото е на плин. Е тогаш сум пцуел ко луд.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30843
    • CARclub.mk
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1017 на: 28 Февруари 2019, 11:18:14 am »
Па да де, нормално дека ќе се случи да се испразни боцата во момент кога готвиш нешто. Тогаш го користиш плинот. Ако се испразни во рандом момент, тогаш нешто друго не е во ред. :D

Енивеј, да, може да се случи. Јас го решавам проблемот како што кажа Осмица - со две, односно три боци. Имам каде да ги ставам, па не е проблем ниту местото. Еднаш на два-три месеца ќе одам да ги заменам (не да ги наполнам, да ги заменам) со полни 12-килски на Макпетрол и толку.

Дека има малку заебавање, има. Дека е „ни под разно“, не е.

Дааааааалеку помалку заебавање од греење на пелети, рецимо. Тоа е за мене ни под разно.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1018 на: 28 Февруари 2019, 11:20:42 am »
Јасно е дека ќе снема плин кога го користиш.
Не сме глупи ние овде.

Ама едно да ти снема плин кога вариш кафе или чај на сабаље во сабота, а друго е да ти снема кога готвиш ручек за 4-6 луѓе во недела.

Ние често си оставаме нешто да се прави по 5-6 саати и после доаѓаме дома и јадиме.
И да видиш дека снемало плин и сега си без ручек.

Или поминала некоја мува и се запалила од огнот и рипнала на тепихот.

Понатаму....

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1019 на: 28 Февруари 2019, 19:57:17 pm »
Не сакам плин, а и многу ретко ќе се користи по што имам друг шпорет. Ова само колку да го има во кујната и за варење кафе, супа такви работи и затоа ми одговара само плотна со две грејни зони никако комбинирана.