Не сакам да е на капсули. Нема потреба да има и мелница, ќе си купувам мелено кафе. Во моментов имам wacaco nespresso за во камион и во комбинација со Illi дава убав вкус за портејбл кафе. Ако останувам на капсули нема потреба да се ставам во трошок за нова машина ќе си тера истата. Долче густо бариста нема заменски у 7г, имам прашано.
Подобро е со мелница, за вкусот на кафето зборам. Тазе мелено. Има добри модели во Нептун од Philips Saeco до таа цена. Јас имам подобар модел исто од Philips (околу 700 евра беше пред 3 години, сега се и поскапи) и сум многу задоволен. Трошам некаде 2кг кафе месечно и сеуште не се пожалила мелницата или бојлерот. Имам понов Miele CM5500 од пред 1 година, до сега врв за мене ама малку посолен, околу 900 евра се движи кај нас. Многу прости решенија за одржавање и чистење и подобри опции за подесување (темп на вод, количина кафе, количина вода со меморија од 5 профили, пре-инфузија, автоматско чистење од бигор и сл.).
Брат ми зема Bosch од Нептун сега пред 2 недели, мислам 27.000 ден. дека беше, добро кафе прави, нема толку напредни опции, е сега како ќе се покаже со експлоатација не знам, рано е уште да зборам.
Инаку го имам Wacaco-то, си го носам по риба на чамец

. Го купив со додатокот за капсули од Неспресо. Тие капсули се подобри од Долче Густо или други компатибилни што ги има во 7 грама.