Најкористено кафе е тоа во 90% од кафе баровите во Фулда, Германија.
Тукушто го репарирав кафематот, прочистен од бигор целосно (дупла доза) со средство од DM - 1€, плус исчистени каналите од "маслата" од старо кафе со таблети од Dr. Beckmann. Променети неколку делови во вредност од 45€ (oд komtra.de) и добив целосно функционален Delonghi ESAM 5400.S за неполни 50€.
Барав Lavazza Super Crema, но бидејќи била професионална серија не ја најдов локално (бев во над 10 маркети), а мене ме копкаше нешто, т.е сакав да ја тестирам машината веднаш, па купив Lavazza Crema e Aroma од REWE за 20.99€/кг.

Ќе надополнам со повеќе слики подоцна.